Јордан Костадинов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јордан Костадинов е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.
Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, Мелничко. Мајка му е родена во селото Врапча, а татко му во селото Оштава.
Како македонски национален активист бил два пати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови: без доволно храна и вода, во темна и студена келија. Во 1990 е избран за претседател на ОМО „Илинден“.