Џек Лондон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џек Лондон (12 јануари 1876 - 22 ноември 1916) е американски писател. Роден е во Сан Франциско. Поради сиромаштија, не можеше да се стекне со формално образование и остана самоук. Во животот промени повеќе занимања како: продавач на весници, морнар, фабрички работник, копач на злато, криумчар.
[уреди] Политички погледи
Џек Лондон стана социјалист на 20 години. Како што запиша во својот есеј „Како станав социјалист“, неговата социјалистичка определба се кристализира кога ги виде страдањата на сиромашните во општеството. Во 1896 стана член на Социјалистичката работничка партија, но во 1901 ја напушти оваа партија и премина во ново-формираната Социјалистичка партија на Америка. Во 1897 беше уапсен поради еден од своите социјалистички говори. Двапати беше кандидит на Социјалистичката партија за градоначалник на Оукленд, во 1901 и 1905, но и двата пати не беше успешен.
Сепак, социјалистичките погледи на Лондон во најмала рака не се сосема ортодоксни. Како што може да се забележи, на пример, од „Мартин Идн“, врз Лондон силно влијание извршил Херберт Спенсер, кој далеку од тоа да беше близок до социјализмот.фвхг
[уреди] Творештво
- „Повик на дивината“ (1903)
- „Морскиот волк“ (1904)
- „Белиот очник“ (1906)
- „Железната петица“ (1908)
- „Мартин Идн“ (1909)
- „Месечевата долина“ (1912)
- „Кралот Алкохол“(John Barlikorn)