Џеферсон Сити
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џеферсон Сити е главниот град на американската сојузна држава Мисури. По пописот од 2000 година, има население од 39,636 жители. Седиште е на областа Коул. Дел од градот е лоциран во областа Калавеј.
Во предколумбиските времиња, овој регион бил домот на античките староседелци, познати како градители на насипи. Кога европските колонизатори почнале да ја населуваат оваа земја, староседелците веќе биле исчезнати во историјата, а тогашните сретнати сиромашни народи биле наречени Осаж Индијанци.
Џеферсон Сити е именуван по третиот претседател на САД, Томас Џеферсон. Кога територијата на Мисури беше организирана во 1812, Сент Луис беше седиште на владата. Сент Чарлс служеше како главен град се додека Џеферсон Сити не беше избран за ново седиште во 1821. Во 1839, ова населено место е инкорпорирано како град.
Џеферсон Сити е лоциран на реката Мисури, блиску до географскиот центар на сојузната држава.