.mk
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Врвен македонски интернет домен е .mk доменот.
Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.mk“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет.
Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата делегирани од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен '.mk'.
Секундарни домени и кој има право на нивно регистрирање се:
- org.mk - непрофитни организации, странски амбасади, политички партии...
- com.mk - трговски друштва...
- gov.mk - државни органи на Република Македонија.
- net.mk - организациите кои даваат мрежни услуги на трети лица
- inf.mk - домени од посебно значење за Република Македонија.
- name.mк - физички лица, државјани на РМ и странски физички лица со матичен број за странци.
Корисниците на поддомени под врвниот македонски домен '.mk' имаат право да регистрираат исклучително терцијарни поддомени под еден од горенаведените секундарни поддомени. Пр. wikipedia.org.mk
[уреди] Надворешни врски
- Македонскиот регистар за интернет поддомени (МАРНет)
- Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија заклучно со 1 јануари 2006 година