Атомски радиус
Од Википедија, слободна енциклопедија
Атомскиот радиус е растојание меѓу најоддалечените електрони во еден атом и атомското јадро на тој атом.
Атомските радиуси се менуваат во периодниот систем: со секоја нова периода се пополнува нов електронски слој. Затоа, атомските радиуси растат одејќи надолу по група, а надесно по периода се намалуваат. Значи, одејќи надесно по една периода, кај секој нареден елемент има по еден електрон повеќе кој се сместува во истиот електронски слој. Но, истовремено, кај секој следен елемент бројот на протони (атомски број) во јадрото се зголемува за еден. Како резултат на тоа, електростатските привлечни сили меѓу јадрото и електронската обвивка се зголемуваат што резултира со намалување на атомските радиуси.
[уреди] Споредба на валентните и атомските радиуси
Атом | Валентен радиус | Атомски радиус |
N | 0.7 | 0.71 |
P | 1.1 | 1.15 |
S | 1.04 | 1.04 |
I | 1.33 | 1.35 |
[уреди] Види исто така
- Ван дер Валсов радиус
- Валентен радиус
- Ковалентен радиус