Багдадска батерија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Багдадската батерија е еден особено чуден артефакт и една од светските мистерии. Артефактот кој моментално се наоѓа во Музејот на Антички Пронајдоци се верува дека е стар најмалку 2000 години и потекнува од т.н. партски период. Багдадска батерија во суштина е заедничко име за група на артефакти откриени во 1936 во селото Кујут Рабу, југо-источно од Багдад.
Во случајов се работи за објект за кој се претпоставува дека бил галванска ќелија, веројатно употребена за обложување на злато врз сребрени предмети. Садот во форма на ваза, со светло-жолта боја, има висина од 12,5 сантиметра и дијаметар на основата од 4 сантиметра.
Како и зошто е користена оваа ,,батерија" останува енигма. Некои тврдат дека таа е доказ за знаењето на старите цивилизации за електрицитетот, милениуми пред тој да биде официјално откриен.