Белоруски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Белорускиот јазик е еден од источнословенските јазици од големото индоевропско семејство јазици. (Беларуская мова на белоруски). Овој јазик се зборува паралелно со рускиот, кој преовладува во јавниот живот, во Белорусија, каде што е официјален јазик. Се зборува и во Полска во областа Подласје и во Канада од иселениците. Белорускиот јазик се пишува воглавно со кирилица.