Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Бонсаи - Википедија

Бонсаи

Од Википедија, слободна енциклопедија

Бонсаи-бор во неформален исправен стил. Дрвoво е старо над 30 год.
Бонсаи-бор во неформален исправен стил. Дрвoво е старо над 30 год.

Бонсаи (јапонски: 盆栽, буквално: „засадено во сад“) е уметноста на естетска минијатуризација на дрва по пат на нивно растење во садови. Изразот главно се однесува на јапонскиот „бонсаи“ со потекло од Кина првобитно развиен од кинескиот пенџинг. Меѓутоа на запад, зборот „бонсаи“ се однесува како на јапонскиот бонсаи, така и на кинескиот пенџинг, и корејскиот бунџае.

Содржина

[уреди] Историја

Поставка на бонсаи при градинарска изложба во Татон парк во Чешир, Англија
Поставка на бонсаи при градинарска изложба во Татон парк во Чешир, Англија

Кинезите биле првите кои минијатуризирале дрва во саксии (200 н.е.)[1] Оваа уметност можеби води потекло од пренесувањето на лековити растенија од страна на лекари. Во прво време стилистичкиот фокус бил на обликување на стеблата во облик на животни и митолошки суштества.

Од Кина, оваа практика се проширила во Јапонија околу Хејанскиот период. За време на Токугавскиот период, пејзажното градинарство се здобило со ново значење и важност. Одгледувањето на растенија како азалија и јавори станало хоби на богатите. Исто популарно било и растењето на џуџести растенија во саксии, но о ова време садовите биле нессодветно големи по современи бонсаи-стандарди.[1]

Ваквото одгледување тогаш се нарекувало хачи-но-ки, „дрво во саксија“. Терминот „бонсаи“ веројатно не почнал да се користи пред крајот на XIX век во Меиџискиот период. [1]

[уреди] Естетика

Главна статија: Бонсаи-естетика

[уреди] Јапонска школа

Јапонската естетика за централна идеја ја зема "небеса и земја во еден сад", што е јапонско клише. За добро бонсаи потребни се три елементи: шин-зен-би (真善美) или вистина, суштина и убавина.

Традиционалнен избор за бонсаи се растенијата бор, јавор, брест, уме, јапонска глицинија, смрека, сакура, азалија и ариш. Растенијата се чуваат надвор, а се внесувааат во токонома по посебни пригоди каде највеќе го евоцираат моменталното годишно време.

Јапонските бонсаи секогаш мораат да го рефлектираат духот на растението: секогаш мора да изгледаат сосем природни и да не покажуваат ниедна трага од човечка интервенција.

[уреди] Кинеска школа

Кинеската естетиак тежнее да ја долови суштината и духот на природата по пат на контрасти. Философски, кинеската уметност го следи принципот на таоизмот, особено Јин и Јанг концептуализацијата на космосот како владеан од две исконски спротивставени, но надополнителни (комплементарни) сили. Инспирацијата не се ограничува на природата, туку и на поезијата и ликовната уметност, од кои се земаат слични естетски вреднсти. Чести теми се змаеви и јунаци. Но на највисоко ниво, уметничската вредност на пенџинг е иста со вредноста на поезијата, калиграфијата, четкосликарството и градинарската уметност.

[уреди] Одгледување

Бонсаите не се генетски минијауризирани растенија. Тоа може да биде вид нормално дрво или грмушка кое се држи минијатурно кое активно расте по пат на комбинација од чување во саксија, и кастрење на крошната и корењата.

[уреди] Најчести стилови

Бонсаи-градина кај пагодата Јунјуан Та (Облакокарпеста пагода; Сужоу, Кина)
Бонсаи-градина кај пагодата Јунјуан Та (Облакокарпеста пагода; Сужоу, Кина)
Бонсаи-дрво
Бонсаи-дрво

Постојат најразлични стилови на бонсаи, со тоа што извесни се почести од сите други. ова се формалниот исправен, накривениот, неформланиот исправен, каскадниот, полукаскадниот, сплав, литерати, и групен/шумски стил.

  • Формалниот исправен стил како што самото име нѝ кажува, се карактеризира со исправено вретенесто стебло. Стеблото и гранките на неформалниот исправен стил може да имаат изразени кривини, но врвот му е секогаш директно над корењата.
  • Навалениот стил е сличен на формалниот исправен стил во стеблото, но тука тоа излегува од земјата под агол, и врвотна дрвото е лево или десно од корењата.
  • Каскаден стил се заснова на обликот на дрвата кои растат над вода или ендеци. Врвот на полукаскадниот стил се протега само веднаш под работ на саксијата, додека врвот на (полниот) каскаден стил паѓа под основата на саксијата.
  • Сплавниот стилот го имитира природниот феномен кога едно дрво е соборено (обично поради ерозија и др.) и затао гранките долж отворената страна на стеблото сочинуваат други стебла. Понекогаш од долната страна на стеблото излегуваат и корења. Овој стил опфаѓа и други третмани на дрвото како змијулест, праволиниски и навален стил. Сето ова дава илузија на привидна група дрва, но тоа всучност се гранките на едно дрво засадено бочно.
  • Литерати-стилот се карактеризира со потенцирање на голема надолжна видливост на стеблото, а гранките се сведени на минимум, кои обично се наоѓаат погоре, на стебло кое е криво. Овој стил е инспириран од кинеското четкосликарство, како оние во древниот ракопис,Сликарски прирачник „Синапова градина“, на кој се насликани борови кои растат на сурова клима, борејќи се за светлина. Литерати-стилот во Јапонија е наречен бунџин-ги. (Бунџин е превод од кинескиот збор венрен што значи „академци-уметници“ и ги е дериват од јапонскиот збор, ки, - „дрво“).
  • Групниот или шумски стил се состои од повеќе дрва (обично непарен број ако се три или повеќе) заеднички засадени во една саксија. Обично овие се од ист вид, но дрвата се чуваат на различна височина по примерот на зрелите шуми.

[уреди] Големински класификации

Покрај ова, бонсаите се класифицираат и по големина. Постојат ред техники и стилови поврзано со т.н. големини маме и шито, најмалите бонсаи. Овие се доволно мали за да се одгледуваат во саксии со големина на напрсток, и заради нивната минијатурност, барааат посебна нега и стилови на одгледување.

[уреди] Техники

Обликувањето и смалувањето на дрвата се постигнува со неколку одновни, но прецизни техники. Минијатурноста на дрвото и листовите се одржува со рамномерно кастрење на лисјата и корењата. Тука се применуваат разни методи, бидејќи секој вид дрво се напупува поинаку. Покрај ова, извесни кастрења мора да се вршат сезонски, бидејќи највеќето дрва имаат период на мирување кога не растат корења и лисја; несоодветното кастрење може да го ослаби или уништи дрвото.

Дрвата соодветни за бонсаи се обликуваат со жица. Бакарна или алуминиумска жица се обвиткува околу гранките и стеблата, држејќи ги гранките додека тие самите не се здрвенат (потоа жицата се отстранува). Некои видови не зе здрвенуваат многу, или се веќе премногу крути/крти за да бидат обликувани на овој начин. Во овој случај обликувањето се врши главно со кастрење.

За стимулирање на возраста и зрелоста на едно бонсаи, може да се применат техниките наречени Џин и Шари. Џин се прави со отстранување на кората од поврината наголема гранка или стеблото, додека Шари е целосно соголување на една гранка. Овие техники го имитираат природното создавење на лузни и отпаѓање на гранки. Овие техники треба да се применуваат со внимание, бидејќи соголените места се подложни на инфекции, а претерано отстранување доведува до прекин на растот на дрвото над тоа место. Исто така кората не смее никогаш да се отстранува сосема во облкна прстен бидејќи тоа го прекинува доводот на вода и хренливи материи од тоа место нагоре.

[уреди] Нега

[уреди] Наводнување

Заради ограничениот простор во бонсаи-саксијата, негата може да биде незгодна. Плитките садови го ограничуваат кореновиот систем со што соодветното наводнување станува уметност сама за себе. Додека некои видови можат да издржат периоди на релативна суша, други бараат речиси постојана влажност. Прелестото наводнување или оставање на земјата расквасена може да резултира со габични инфекции и трулење на корењата. Сонце, врелина и изложеност на ветер можат бргу да го исушат растението, и затоа влажноста на почвата треба да се проверува на дневна база, а кога е потребно, растението да се нававадува обилно. Земјата не смее да стане „барут-сува“ дури ни за кратки периоди. Лисјата на некои растенија кои се одгледуваат за боонсаи (како обичната смрека) не покажуваат знаци на оштетеност пред штетата да стане преголема, и може да изгледаат зелени и здрави дури и во случај кога корените им се уништени.

Во постудени клими не смее да се дозволи земјата да стане презаситена со вода бидејќи тоа доведува до трулење на корените. Во потоплите клими, бонсаите треба да седат во плитки водоотпорни садови кога не се користат, и да им се даде можност да опсорбираат вода од дното на саксијата за да не дојде до дехидрација.

[уреди] Пресадување

Пресадувањето и кастрењето на корените на бонсаите се врши на пролет, веднаш пред да излезат од периодот на мирување. Додека се во развој, бонсаите се пресадуваат еднаш на две години, и поретко кога се позрели. Пресадувањето од една во друга саксија спречува растението да стане врзано за саксијата и предизвикува раст на нови корени, за дрвото да може послободно да апсорбира влага.

[уреди] Жичено обликување

Најмоќната алатка за обликување на дрвото е жицата. Најдоброто време за обививање на дрвото е пролет или есен кога дрвото има најмалку лисја и не е круто. (Дрвјата зиме стануваат крути заради многу помалиот притисок на растителните сокови во стеблото и гранките.)

Дрвото се обвива прво околу стеблото, а потоа спирално околу гранките. Самото дрво потоа ги води гранките во саканиот правец. Друга метода е закачување на тегови на гранките, така што тие виснуваат и дрвото изгледа постаро.

Жицата се остава на дрвото за време на сезоната на растење. Меѓутоа дрвото не смее да ја надрасне жицата, бидејќи кората се врзува за жицата и потоа отстранувањето е трауматично. КОга е време да се отстрани жицата, таа се сече на мали парчиња (а не се одвиткува) и вака се прави помала штета на лисјата.

Дебелината на жицата треба да одговара на големината на гранката — поголеми гранки се обвиткуваат со подебела жица. Наместо подебела жица може да се користат и две потенки жици заедно. Жиците не смеат да се вкрстат.

При виткањето на гранките треба да се внимава да не се прекине или прекрши некоја гранка. Особено внимание треба да се обрне при виткање на гранката близу до стеблото, бидејќи таму таа е најкршлива. Можно е и гранката да се витка постепено, малку по малку, през подолг временски период.

При работа со гранките треба дас е внимава и на саканиот стил на дрвото.

[уреди] Алатки

Постојат посебни алатки за одржувањена бонсаи. Најчестата алатка е конкавниот секач за кастрење на фиданки без оставање на никулци. Други алатки се прачки за виткање, клешти за жица и разни ножици за фино или грубо обликување. За обликување и држење на гранки се користи алуминиумска или анодизирана бакарна жица.

[уреди] Ѓубрење и земја

Ставовите за мешавините на земја и ѓубривата се поделени. Некои познавачи велат дека треба да се користат органски ѓубрива бидејќи мешавината од земја е неорганска, додека други слободно користат хемиски ѓубрива. Почвите за бонсаи се направени за најдобра дренажа. Земјата за бонсаи е лабава, брзодренажна мешавина од компоненти како груб песок или чакал, печени глинени топчиња и проширени шкрилци помешани со органски компонент како тресет или кора. Во Јапонија се преферираат вулкански почви базирани на глина (акадама, или „црвенотопчеста“ почва, и канума, вид жолта пемза).

[уреди] Садови

Секоја саксија за бонсаи има дупки за одлевање на одвишок вода. Дупките се покриваат со ситна пластична мрежа која ја задржува земјата. Самите садови можат да бидат во различен облик. Садовите со прави страни и остри агли се подобри за формални дрва, додека овални и округли садови се соодветни за неформалните стилови. Квалитетните бонсаи-садови се керамички, и се печени на висока температура за да издржуваат мразови. Најчестите садови се без глазура и кафени по боја. Глазираните садови се користат за листопадни и цветни дрва. Економичните садови од калапена пластика („мика“) можат да се користат за бонсаи во развој, но речиси секаков сад со добар одвод може да се употреби за дрва во развој. Некои ентизујасти израотуваат свои кутии од дрво и летви.

[уреди] Место на чување

Наспроти широко распространетото мнение, бонсаите не се одгледуваат во затворени простории, бидејќи така најверојатно би умреле. Додека исвесни тропски растенија (Ficus, Schefflera, и др.) може да успеваат на затворено, највеќето бонсаи се развиени од дрва приспособени за умерена клима (четинари, јавори, ариш итн.) и сакаат период на мирување. Речиси сите дрва бараат неколку часа диреткна или сосема малку филтрирана сончева светлина секој ден.

[уреди] Презимување

Некои дрва бараат заштита од временскит еприлики и зимските техники се применуваат во зависност од тоа колку дрвото е приспособено за дадената клима. За време на презимувањето, умерените видови треба да мируваат, но треба да се внимава листопадните дрва да не излезат од мирувањето прерано. Рамки во земја, незагреани гаражи, тремови и слично се најчести места за презимување. Растението во својот сад може и да се покрие со лисје или слама или пак корењата да се закопаат под мразот на земјата.

[уреди] Собирање

Бонсаите можат да се развиваат од материјал купен од локалата градинарска продавница, или пак да се земат од соодветни растенија во дивина или од урбаниот пејзаж.

Собраните дрва се високо ценети и на нив се гледат старосните карактеристики уште при самото собирање. При собирањето треба да се биде многу внимателен, бидејќи е многу лесно непоправливо да се оштетат корењата со ископување. Затоа потенцијалниот материјал мора внимателно адс е анализира пред да се реши дали може безбедно да се ископа. Идеални кандидати се дрва со плитки или делумно видливи корења. Се разбира, треба да се има в предвид сопственоста на земјата каде тоа дрво расте.

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Видете исто така

  • Бонсаи-естетика
  • Саикеи
  • Топијарија
  • Листа на бонсаи-видови

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Early American Bonsai: The Larz Anderson Collection of the Arnold Arboretum" од Питер Дел Тредичи, издадено во Arnoldia (Лето 1989) од Универзитетот Харвард


Одлична статија Статијата Бонсаи е пример меѓу одбраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија.

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu