Вегетативен нервен систем
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
Вегетативниот (автономен) нервен систем се појавил многу рано во текот на еволуцијата. Составен е од централен дел, формиран од јадра и нервни влакна, сместени во централниот нервен систем, и периферен дел, формиран од ганглии и нерви кои спаѓаат во периферниот нервен систем. Градбата на вегетативниот нервен систем е слична кај сите ‘рбетници (вклучувајќи го и човекот). Тој ги инервира внатрешните органи, ѕидовите на крвните садови и жлездите.
Вегетативниот нервен систем е поделен на симпатичен и парасимпатичен систем. Центрите на симпатичниот дел се сместени во вратниот, градниот и слабинскиот регион од ‘рбетниот мозок. Повеќето органи се инервираат двојно, односно со нервни влакна ѝ од симпатичниот, ѝ од парасимпатичниот дел, кои имаат антагонистичко дејство. На пример, симпатикусот ја забрзува работата на срцето, додека парасимпатикусот ја кочи и забавува неговата работа, или парасимпатикусот ја стимулира перисталтиката на цревата, додека симпатикусот ја кочи и забавува.