Виндхук
Од Википедија, слободна енциклопедија
Виндхук, Намибија
Површина | 645 km² |
---|---|
Основан | 18 октомври, 1890 |
Население | 230,000 |
Густина на насел. | 356.6/km² |
Административна поделба | Комас |
Градоначалник | Матеус Шиконго |
Временска зона | Јужноафриканско стандардно време: UTC+2 |
Координати: | 22.56°Ј, 17.09°И |
Виндхук (Windhoek) е главниот град на Намибија. Има 230,000 жители и е главен трговски центар за овча кожа. Првобитно Виндхук бил центарот на намаквански поглавар кој ги победил Херерите во овој регион во 19 век. Германија го окупира овој регион во 1885 година, со што Виндхук постана седиште на колонијата Југозападна Африка (Deutsch-Südwestafrika). За време на Втората светска војна, Виндхук беше освоен од јужноафриканските трупи и постана британски доминион. До независноста на Намибија во 1990, Виндхук беше признат како главен град на Југозападна Африка и администриран од јужноафриканската влада.
Виндхук традиционално бил познат по две имиња: Аи-Гамс (од Намакванците), што буквално се однесува на топлите извори кои некогаш биле дел од овој град, додека второто име - Отјомуисе, што значи место на пареата беше дадено од страна на Хереранците. Двете традиционални имиња се однесуваат на топлите извори.
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |