Германија
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Национално мото: Einigkeit und Recht und Freiheit (Германски: Единство и правда и слобода) |
|||||
Национална химна: Das Lied der Deutschen | |||||
Официјален јазик | Германски1 | ||||
Главен град | Берлин | ||||
Облик на влада | Федеративна република | ||||
Најголем град | Берлин | ||||
Канцелар | Ангела Меркел | ||||
Претседател | Хорст Келер | ||||
Површина - Вкупно - % вода |
61ва во светот 357,026 km² 2.416% |
||||
Население - Март-Јуни 2005 - Густина |
14та во светот 82,443,000 [1] 231/km² |
||||
Основање (Ре)унификација |
Договорот од Вердун (843) 18 јануари 1871 23 мај 1949 3 октомври 1990 |
||||
БДП - Вкупно (2003) - БДП по жител |
3та во светот $2.271 trillion $27,600 |
||||
Валута | Евро (€)2 | ||||
Временска зона - во лето |
CET (UTC+1) CEST (UTC+2) |
||||
Интернет домен | .de | ||||
Повикувашки број | +49 | ||||
1 Дански, Нижи германски, Сорбиски, Романи и Фризиски се официјално признати и заштитени како малцински јазици од ECRML. |
Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland) е една од водечките индустриски земји, лоцирана во централна Европа. Германија граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е лоцирана на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Германија претставува сојузна држава од 16 покраини (Länder), кои се обединиле во 1871 иако Германскиот јазик и култура имаат многу подолга историја. Во период од векови, се до 1806, Германија претставувала збир на држави кои имале голема автономија во рамките на Светото Римско Царство. Се формира конфедерација која трае од 1815 до 1867. Под Ото фон Бизмарк, обединета Германија брзо се индустријализира, но нејзините напори за европска доминација се спречени од поразот во Првата Светска Војна. Повоените репарации што Германија требаше да им ги плаќа на Сојузниците, како и незадоволството од изгубените колонии, доведе до појавата и победата на Адолф Хитлер и Нацистичката Партија, при што тие ќе ја втурнат Германија и остатокот на светот во Втората Светска војна. Германија е повторно поразена и окупирана од Сојузниците, но Студената Војна ќе ја подели земјата на Западна Германија, поддржана од Западниот блок, и Источна Германија, поддржана од Советскиот Сојуз. Главниот град Берлин истотака бил поделен на Источен Берлин и Западен Берлин. По колапсот на советскиот модел на комунизмот во светски размери, двете Германии во 1990 се обединија, иако разликите меѓу истокот и западот, заедно се хроничната невработеност и слабиот економски раст, ќе продолжат да бидат предизвици за земјата.
Германија е третата по големина светска економија, по САД и Јапонија. Позната е по железото, челикот, машинеријата и автомобилската индустрија. Германија е земја основач на Европската Унија и нејзина најголема членка по население. Членка е на Обединетите Нации, НАТО и Г8.
[уреди] Надворешни врски
- Germany - Германија Специјални страници
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска
Земја кандидат: Република Македонија
Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора