Георги Пирински (постариот)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Георги Пирински (постариот) е еден од водечките активисти меѓу македонската емиграција во Северна Америка. Вистинското му име е Георги Николов Зајков. Тој е татко на современиот бугарски политичар Георги Пирински.
Роден на 15 август 1902 година, во Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Во 1923 год. Коминтерната го пратила во САД, каде активно се вклучувa во македонското национално движење. Овде Пирински соработува со илинденскиот војвода од Охридско, Смиле Војданов. Тие двајцата се раководители на Македонскиот народен сојуз, чија цел е ослободување и обединување на Македонија како независна држава на македонскиот народ. Во 1951 г. владата на САД го протерува за комунистичка дејност и Пирински се враќа во Бугарија, каде станува виден деец на бугарската комунистичка партија.