Георги Пирински
Од Википедија, слободна енциклопедија
Георги Пирински е бугарски политичар со потекло од Пиринска Македонија.
Роден е на 10 септември 1948 година, во градот Њујорк, САД. Од 1952 живее во Бугарија.
Георги Пирински е виш активист на Бугарската социјалистичка партија (поранешна комунистичка - БКП). Во Бугарија бил на различни политички функции, меѓу кои и министер за надворешни работи. Во текот на 1996 година бил кандидат за претседател на Бугарија, но не му било допуштено да учествува на изборите бидејќи е роден во странство. Моментално е претседател на бугарското народно собрание.
Георги Пирински е син на македонскиот емигрантски активист во Северна Америка, Георги Пирински.