Долно Јаболчиште
Од Википедија, слободна енциклопедија
Долно Јаболчиште е село во северниот дел на Општина Чашка (до 2004 година под Општина Велес). Селото се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Тополка, а атарот се допира до југоисточниот дел на Скопската Котлина.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Долно Јаболчиште |
Општина: | Општина Чашка |
Население: | 718 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото е планинско на надморска височина 700 метри, а од градот Велес е оддалечено 40 километри. Во селото има основно училиште до IV одделение, а во близина е една од патеките за планински велосипедизам.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Исто како Горно Јаболчиште и овде во Долно Јаболчиште бележиме промени во националниот состав на населението на селото.
Во 1961 година во селото живееле 335 жители, 199 Турци и 135 Албанци, во 1994 година селото броело 496 жители само Албанци.
Според пописот од 2002 година демографската слика на Долно Јаболичште е следнава:
Жители 718
Албанци 716
Останати 2
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
Според новиот закон за територијална организација на Република Македонија селото (заедно со Долно Јаболчиште) беше припоено кон мнозинско Македонско населената (73,91% Македонци) Општина Чашка. Причината со заради која овие 2 доминантно албански села беа припоени кон Општина Чашка беше само за општината да се албанизира и да стане двојазична. Кон општината беа припоени и помалите рурални општини Богомила (95,21% Македонци) и Извор (99,24% Македонци). Меѓутоа со припојувањето на овие две села кои природно не гравитираат кон општината и воопшто кон областа Азот, бројот на Албанско население беше насила зголемен на 33,06%. Според локалното Македонско население кое во најголем број е доста старо ова значи тотална албанизација на општината од причина што младите Македонци бегаат од општината, а бројот на Албанците константно се зголемува и со доселување и со природен прираст. Власта на ова одговараше дека со тоа ќе се зајакнел соживотот и мултикултурноста на овој крај, што всушност греши бидејќи тоа значи трајно албанизирање на овој крај од кој произлегле голем број видни Македонски борци, револуционери, учители, градители итн.