Република Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гесло: Слобода или смрт! | |
Химна: Денес Над Македонија | |
Главен град | Скопје 42°0′ N 21°26′ E |
Најголем град | Скопје |
Службен јазик | македонски1 |
Влада | Парламентарна република |
- Претседател | Бранко Црвенковски |
- Премиер | Никола Груевски |
Независност | Од СФРЈ |
- Објавена | 8 септември, 1991 |
Површина | |
- Вкупно | 25 713 km² (145.) |
- Вода (%) | 1,9% |
Население | |
- 2004 | 2,071,210 (140.) |
- Густина | 81/km² (109.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | $15,78 милијарди (121.) |
- По глава на жител | $7 645 (80.) |
ИЧР (2003) | 0,797 (59.) – среден |
Валута | Денар (MKD ) |
Временска зона | UTC +2 до +3 |
Интернет домен | .mk |
Повикувачки број | +389 |
1 Сите јазици што ги говорат повеќе од 20% од жителите на општината се општински официјални јазици. Тоа ги вклучува следните јазици: албански, турски, влашки, српски, ромски, итн. |
Република Македонија (скратено: РМ) е држава со парламентарна демократија. Се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров. Главен град е Скопје. Република Македонија е само дел од етничка Македонија, и опфаќа околу 38% од нејзината територија.
Република Македонија на исток граничи со Бугарија, на север со Србија, на запад со Албанија, и на југ со Грција. Должината на границите е вкупно 766 km, и тоа со:
- Грција 246 km
- Србија 221 km
- Албанија 151 km;
- Бугарија 148 km;
Значењето на географската положба на Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.
Содржина |
[уреди] Историја
- Главна статија: Историја на македонскиот народ.
[уреди] Античка Македонија до појавата на Словените
Иако Република Македонија се здобива со независност во 1991, археолошките докази покажуваат на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000-та и 3500-та година п.н.е. Македонија има најстаро име од сите европски држави што постојат денес. Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори. Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. (за прв македонски цар се зема Пердика I). Од приближно V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски фактор во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка активност се фокусирала на односите со Грчките градови-држави, пришто често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак завземала страна на некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е еден од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.
По неговата смрт оваа огромна империја ќе се распадне на три дела, поради несогласувањето на неговите генерали за наследникот. Освојувањата имаат круцијално значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.
Продирањето на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј однесен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно, Македонија ќе стане дел од Источно Римско Царство.
[уреди] Од појавата на Словените до создавањето на македонската нација во 19век
Во 6 и 7 век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото локално население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени иле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите превземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.
Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, истотака, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела во повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со нивното создавање на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната работа и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни центри на Балканот, лулка на словенската писменост. Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како реакција на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и во цела Европа.
Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.
До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а истотака бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија. (Видете: Македонска Православна Црква)
[уреди] Создавањето на македонската нација во 19 век до Првата Светска Војна
- Зацврстување на народниот јазик во црковната литература до почетокот на 19 век
- Создавање на македонската нација
[уреди] Македонија во 20 век (Светските војни и осамостојувањето)
- Македонија пред Балканските војни
- Македонија во Првата балканска војна
- Македонија во Втората балканска војна
- Народно-ослободителната борба
- Социјалистичка Република Македонија
[уреди] Независност
[уреди] Административна поделба
- Главна статија: Општини во Република Македонија
[уреди] Географија
Република Македонија има површина од 25.713 км. Земјата нема излез на море. Рељефот е претежно ридско-планински (75%).
Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:
|
Надморска височина |
|
|
1 | Кораб |
|
Голем Кораб |
2 | Шар Планина |
|
Титов Врв |
3 | Баба Планина |
|
Пелистер |
4 | Јакупица |
|
Солунска Глава |
5 | Ниџе |
|
Кајмакчалан |
6 | Дешат |
|
Веливар |
7 | Галичица |
|
(2.288 е кота, а највисок врв е Магаро 2.254 m) |
8 | Стогово |
|
Голем Рид |
9 | Јабланица |
|
Црн Камен |
10 | Осоговски Планини |
|
Руен |
11 | Бистра |
|
Маденица |
Најдолга река е Вардар, 388 км (од кои во Р.М. 301 км) и во најголем дел тече низ централниот дел на Република Македонија. Нејзиниот слив зафаќа најголем дел од површината на државата и е дел од егејското сливно подрачје. Мал дел од територијата е дел од јадранското сливно подрачје и црноморското сливно подрачје.
На јужната граница на Република Македонија лежат три големи природни езера:
Територијата на Република Македонија се наоѓа на сеизмички активно подрачје.
[уреди] Демографија
- Според пописот од 2002 година, од вкупното попишано население во Република Македонија, од 2.022.547 жители, Македонци се 1.297.981 или 64,18 проценти, а Албанци има 509.083 или 25,17 проценти. Турци има 77.959 или 3,85 проценти, Роми 53.879 или 2,66, Власи 9.695 или 0,48 проценти, Срби се 35.939 или 1,78 проценти, Бошњаци има 17.018 или 0,84 проценти, додека 20.993 лица од вкупното население се изјасниле дека се припадници на другите заедници.
- Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143.
- Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 отсто во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.
[уреди] Поголеми градови
Град | Жители |
Скопје | 515.419 |
Битола | 74.550 |
Куманово | 70.842 |
Прилеп | 66.246 |
Тетово | 52.915 |
Велес | 43.902 |
Штип | 41.730 |
Охрид | 41.146 |
Струмица | 34.067 |
Гостивар | 32.926 |
Кавадарци | 38.288 |
Кочани | 26.364 |
Кичево | 25.129 |
Струга | 16.037 |
Радовиш | 15.068 |
[уреди] Економија
Македонија излегла од СФРЈ како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Македонија сеуште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987)
Економијата е пост-транзициска, со голем број сеуште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но ефтина работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).
Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некој од проблемите се надминати, а некој се во фаза на надминување. Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ. Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.
- Национална валута - Денар (MKD)
- БДП (Паритет на куповна способност) - 15,55 милијарди $ (2005)
- БДП (Девизен курс) - 5,397 милијарди $ (2005)
- БДП (ИЧР/По глава на жител) - 7.400 $ (2005)
- БДП (ИЧР/По глава на житен, со проценка за сивата економија) ? 9.000 $ (2005)
- БДП пораст - 4% (2005)
- БДП по сектори (2005)
-
- -Земјоделство 11,7%
- -Индустрија 32,1%
- -Услуги 56,2%
- Раст на индустриско произвотство - 5,5% (2005)
- Невработеност - 36,5% (2005) *работење на црно е распространета појава, така да реалната бројка е пониска
- Сиромаштија - 30,2% (2003)
- Инфлација - 1% (2005)
- Инвестиции (% од БДП) - 18% (2005)
- Буџет (2005) фискална година = календарска година
- Јавен долг (% од БДП) - 32,6% (2005)
- Надворешен долг - 1,9 милијарди $ (2005)
- Резерви на злато и странски валути - 1,2 милијарди $ (2005)
- Увоз - 3,196 милијарди $ (2005) Грција 15,5%; Германија 13,1%; СЦГ 10,4%;Словенија 8,6%; Бугарија 8,1%; Турција 6% (2004)
- Извоз - 2,47 милијарди $ (2005) СЦГ 31,4%; Германија 19,9%; Грција 9%; Хрватска 6,9%; САД 4,9% (2004)
- Трговски дефицит - 1,2 милијарди $ (2005)
[уреди] Стопанство
Енергија
- Електрична енергија-производство: 6.465 милијарда кWh (2001 година)
- Електрична енергија-производство по ресурси:
- фосилно гориво: 83,7%
- водни: 16,3%
- друг вид: 0% (2001 година)
- Електрична енергија-потрошувачка: 6.112 милијарда кWh (2001 година)
- Бензин-потрошувачка: 20.000 bbl/ден (2001 година)
Енергетски сектор
-
- Македонија има потенцијал за самостојно снабдување со електрична енергија.
- Околу 80% од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроелектричните централи.
- Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
- ЕСМ е во фаза на реструктуирање и пред приватизација.
- Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
- РЕК Битола со своите 3 ч 225 mW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
- Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
- Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои "Електродистрибуција Скопје" има доминантно место со речиси 33% од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
- Исто така, важно е да се напомене дека ЕСМ има околу 650.000 корисници.
- Нафтоводот помеѓу Скопје и Солун е веќе изграден, а гасоводот за пренесување на рускиот природен гас од бугарската граница до Скопје е во изградба.
Реализацијата на проектот за изградба на термоелектрични централи за гас со комбиниран циклус на ко-производство на електрична енергија и енергија за затоплување во Скопје е во тек.
[уреди] Инфраструктура
Сообраќај
- Железница: 699 km од кои 233 км се електрифицирани (1,435м стандард)
56 км кон Бугарија се во изградба (1999) - Патишта: 9.573 км (вкупно) (2002)
192 км автопат и уште 47 км автопат во изградба (2003) - Аеродроми: 17 (2002)
- Гасовод: 268 км (2004)
- Нафтовод: 120 км (2004)
Патен сообраќај
Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 км: 6.830 км или 64,5% од неа се локални патишта 2.820 км или 26,5% се регионлни патишта, а 950 км или 9% се автопати. Должината на модерните патишта е 5.100 км.
Најзначаен автопат е меѓународниот автопат бр.E75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 км. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.
Железнички сообраќај
-
- Должината на постоечките железнички линии е 920 км, со 168 железнички станици.
- Поврзувањето по железнички пат со Република Грција и Србија е добро.
Поврзувањето на постоечката железница со соседните земји - Бугарија и Албанија - претставува логична цел. Поврзувањето на нашата земја со железничката мрежа на Бугарија може да се постигне едноставно со градење на нова железничка линија - 46 км во должина - меѓу Белјаковце и бугарската граница, како и изградба на нов железнички пат од Кичево до Ќафасан во Албанија; со должина од 65 км. Со тоа ќе се придонесе за создавање на коридорот Исток - Запад, со должина од 295 км, однодсно со тоа Македонија ќе се поврзе на запад со Јадранското Море, а на исток со Црното Море. Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници
Воздушен сообраќај
Телекомуникации
- Телеком оператори: 1 (98 % дигитализација)
- Телефонски линии во употреба: 560.026 (јуни 2002 година)
- Мобилни оператори: 2 („Т-Мобиле“ и „Космофон“)
- Телефони-мобилни: 830.000
- Интернет корисници: околу 400.000
- Достапни интернет услуги:
- Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
- Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
- Пристап преку pre-paid картичка
- Пристап преку изнајмени линии
- Broadband пристап преку АДСЛ и кабелски интернет
[уреди] Природни ресурси
[уреди] Политика
[уреди] Политички систем
[уреди] Односи со ЕУ
Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.
[уреди] Евро-атлански асоцијации
[уреди] Спор за уставното име на Република Македонија
Поради неразумни притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) [1], иако е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска , Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција итн.
[уреди] Видете исто така
- Државни празници во Република Македонија
- Транспорт во Република Македонија
- Марјана е крунисана за Мис Бикини на Универзумот 2005
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска
Земја кандидат: Република Македонија
Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора