Епифиза
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За крајниот, проширен дел од коската, видете коска.
Епифизата (пинеална или надмозочната жлезда) се јавува во текот на ембрионалниот развиток кај сите ‘рбетни животни, а во нивната возрасна состојба таа се задржува само кај најпримитивните ‘рбетници, и тоа во улога на епифизарно око, осетливо на светлината. Кај останатите ‘рбетници таа е ендокрина жлезда.
Епифизата кај човекот е во вид на шишарка со големина на зрно од пченка. Во детството е најразвиена, а по настапувањето на половата зрелост се намалува. Излачува хормони кои го кочат предвременото полово созревање. Се наоѓа одозгора на задниот дел на меѓумозокот. Се смета дека припаѓа на жлездите од ендокриниот систем и дека делува на растењето и развојот на јајчникот и семеникот.
Ендокрин систем |
---|
Надбубрежна жлезда | Жолто тело | Хипоталамус | Бубрег | Јајчници | Панкреас | Параштитна жлезда | Епифиза | Хипофиза | Тестиси | Штитна жлезда |