Звонко Богдан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Звонко Богдан (р. 5 јануари, 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива имиџ на боем и џентлмен. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.
Содржина |
[уреди] Биографија
Звонко Богдан е роден во Сомбор, кој во тоа време бил под унгарска окупација (Втора Светска војна), во семејство на хрвати-буњевци.
Пее како негови така и традиционални песни (особено буњевски) во придружба на тамбураши. Некои од песните ги компонирал самиот (како Хеј салаши на северу Бачке). Има и песни на унгарски и ромски.
На неговите изведби го придружуваат ансамблите „Тамбурашки оркестар Јанике Балажа“ од Војводина и „Загребачки тамбураши“ од Хрватска. Звонко Богдан е сеуште многу активен и изведува во Војводина и Хрватска, како и ширум светот каде живеат луѓе од тие краишта.
Некои од неговите најпопуларни песни се:
- Хеј салаши на северу Бачке
- Осам тамбураша с Петроварадина
- Већ одавно спремам свог мркова
- Не вреди плакати
- Говори се да ме вараш
- Крај језера једна кућа мала
- Фијакер стари
- Прошле су многе љубави
- Ко те има, тај те нема
- У Сомбору педесет и неке
- У тим Сомбору
- Купићу ти ципелице
[уреди] Дискографија
- 1973: Звонко Богдан
- 1973: Бисери народне музике
- 1974: Звонко Богдан пева за Вас
- 1976: Што се боре мисли моје
- 1981: Звонко Богдан и тамбурашки оркестар Јанике Балажа
- 1984: Леголас
- 1980: Звонко Богдан
- 1984: Песме и песници
- 1990: Звонко Богдан
- 2001: Живот тече у лаганом ритму
- 2003: Раритети
[уреди] Медија
- Осам тамбураша с Петроварадина (инфо)
- Звонко Богдан и тамбурашки оркестар
-
Пролазе ноћи, мучим се ја (инфо)
- Звонко Богдан и тамбурашки оркестар
- Не можете да ја чуете датотеката? Видете медија-помош.
[уреди] Видете исто така
- Јаника Балаж
- Староградска музика
- Тамбура