Здравко Чолиќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Здравко Чолиќ | ||
---|---|---|
Здравко Чолиќ, 2006
|
||
Основни податоци | ||
Познат(а) и како | Чола | |
Роден(а) | 30 мај, 1951 | |
Потекло | Сараево, Босна и Херцеговина, Југославија | |
Жанр(ови) | поп | |
Занимање/ња | Музичар | |
Години активност | 31 | |
Веб-сајт | Официјален веб-сајт |
Здравко Чолиќ (Здравко Чолић) (роден 30 мај, 1951 во Сараево, Босна и Херцеговина, Југославија) е босанско-српски поп-пејач, популарен ширум цела бивша Југославија.
Содржина |
[уреди] Кариера
Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.
Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приђеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.
Во 1984, Чолиќ се сели од родниот град, Сараево во Белград. По војната и долга пауза, прави камбек, и си ја враќа популарноста до извесно ниво, и сеуште држи повремени концерти.
Чолиќ има Дипломирано на Економскиот Факултет при Универзитетот во Сараево. [1]
[уреди] Дискографија
[уреди] Албуми
- Ти и ја (1975)
- Ако приђеш ближе (1978)
- Због тебе (1980)
- Мало појачај радио (1981)
- Шта ми радиш (1983)
- Ти си ми у крви (1984)
- Здравко Чолић (1987)
- Да ти кажем шта ми је (1990)
- Кад би моја била (1997)
- Окано (2000)
- Чаролија (2003)
- Завичај (2006)