Кашкавал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кашкавалот е специфичен тип на жолто сирење кое може да биде овчо или кравјо; меѓутоа, овој поим на Балканот се користи за сите жолти сирења (па дури и било кое сирење кое не е бело сирење).
Слично на ова, во Романија, зборот сaşcaval се употребува за разни жолти сирења.
Зборот кашкавал доаѓа од италијанскиот збор caciocavallo, што означува тип на италијанско сирење. Оттаму овој тип на сирење се проширил на Балканот.
Во Македонија постојат разни видови на кашкавали. За еден од најпознатите и најквалитетните кашкавали во земјата се смета кашкавалот од марката Кораб ©.