Курт Гедел
Од Википедија, слободна енциклопедија
Курт Гедел, еден од најголемите математички умови во историјата, е роден во 1906 год. во Брно, денешна Чешка. Најпознат е по неговите теореми за непотполност, со кои докажува дека во секој формален аксиоматски систем постојат искази кои не можат да се докажат само во рамките на тој систем, што практично значи дека секој формален систем е некомплетен. Со тој доказ ги окончува долгогдишните напори за формализација на математиката, посебно од страна на Хилберт. Едно од неговите најпознати дела „Конзизтентноста на аксиомата за избор и генерализираната хипотеза на континуум, со аксиоматската теорија на множества„ е објавена 1940 во САД, каде што работи на универзитетот во Принстон се до неговата смрт во 1978 година.