Лав Толстој
Од Википедија, слободна енциклопедија
Грофот Лав Николаевич Толстој (на руски: Лев Никола́евич Толсто́й) (9 септември (28 август, Јулијански календар) 1828 – 20 ноември (7 ноември по Јулијански календар) 1910) бил руски романсиер, реформатор, пацифист и морален мислител, забележлив по неговиот мирен отпор и неговиот придонес кон руската литература и политика. Како гроф, тој бил член на семејството Толстој од руското благородништво. Толстој се смета за еден од најголемите романсиери на сите времиња.
Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во прв ред во неговото дело „Царството Божје е во тебе.“ Неговите идеи за ненасилниот отпор извршиле големо влијание врз Махатма Ганди и Мартин Лутер Кинг.