Лазар Личеноски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден е во 1901 год. во Галичник, умрел во 1964 год. во Скопје. Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929).
Живеел во Белград, потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група "Облик".
Самостојно изложувал пред и по војната (првпат во 1927 год.) во Скопје, Белград, Загреб; а учествувал (од 1927 год.) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и др.
Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.