Ландкројцер П. 1000 Стаорец
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ландкројцер П. 1000 Стаорец (Landkreuzer P. 1000 Ratte) требал да биде гигантски тенк во Германија за употреба во Втората Светска војна. Бил осмислен во 1942 од Круп со дозвола од Адолф Хитлер, но проектот бил откажан од Алберт Шпеер следната година и ниеден не бил произведен. Со преку 1800 тони (милион и осумсто илјади килограми), овој тен би бил преку пет пати потежок од Панцер VIII Маус, најголемиот произведен тенк.
Предвидените главни оружја биле 280-милиметарски топови на куполи од ист тип како кај борбените бродови од Гнајзенау класа. Една купола била направена пред откажувањето на проектот, но по тоа била монтирана за одбрана во Норвешка. Други топови би биле 128-милиметарски топ, осум 20-милиметарски Флак38 противвоздушни топови и два 15-милиметарски топа Маусер MG 151/15 .
Тенкот требал да има шест 1.2-метарски гасеници, три од секоја страна. Погонот требал да биде два 24-цилиндарски бродски дизел мотори MAN V12Z32/44, секој со сила од 8500 КС или осум Дајмлер-Бенц MB501 20-цилиндарски бродски дизел мотори, секој со 2000 КС, за достигнување на потребните 16000 КС за придвижување на тенкот.
Пред откажувањето на проектот, било планирано и едно потешко возило, П. 1500 „Чудовиште“. Ова требала да биде самоодна варијанта на 800-милиметарскиот опсаден топ Шверер Густав (или Дора).
[уреди] Видете исто така
- Ландкројцер П. 1500 Чудовиште
- Супертежок тенк
[уреди] Надворешни врски
- Германски веб-сајт со мал модел на тенкот (германски)
- Германски веб-сајт со технички податоци (германски)
- Статија за тенкот Стаорец (англиски)
- Статија за серијата 1000/1500 (англиски)