Мисла
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мисла или мислење е ментален процес што им дозволува на суштествата да создадат свој модел за светот, и така да се справат со него ефективно во согласнот со нивните цели, планови, средства и желби. Концепти блиски до мисла се свест, идеја и имагинација.
Процесот на мислење подразбира манипулација на информации, како кога формираме концепти, решаваме проблеми, и донесуваме одлуки. Мислењето е висока когнитивна функција. Анализата на мисловниот процес е дел од когнитивна психологија Освен тоа човечкиот карактер се заснова на неговите мисли и сваќања.