Опинок
Од Википедија, слободна енциклопедија
Опинок (множ. опинци) се традиционални македонски, српски, македноски и хрватски обувки кои се носат и низ остатокот од Балканот. Тие се прават од кожа и немаат врвки, се одликуваат со издржливост и трајност, а обично (но не секогаш) имаат роголик завршеток. Самиот збор опинок води потекло од протоиндоевропскиот јазик.
Средновековните опинци се разликуваат од подоцнежните по тоа што немале врвови и не биле накрсно направени. Тие изгледале како гума во облик на чевел. Врвците биле додавани, но често се кинеле. Овој вид чевли денес го носат земјоделците заради нивната згодност и соодветност за работа на нива или поле. Можат да се купат на пазар.