Паскал (единица)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Паскал (Pa) е единицата за притисок во SI.
Паскалот се изведува од дефиниционата равенка за притисок откаде што се добива дека
Значи, притисокот е еден паскал (1Pa) ако на 1m2 површина, нормално дејствува сила со модул од 1N. Во практиката се користат и декадно поголемите единици за притисок, како што се килопаскал (kPa) и мегапаскал (MPa).
Земјината атмосфера врз површината на океанската вода врши притиоск p0=101x325 Pa при температура од 0oC. Овој притисок се смета за нормален атмосферски притисок.
Ова е табела за вредностите на притисокот на различни места:
0.5 Pa | Атмосферски притисок на Плутон (грубо кажано, податок од 1988) |
10 Pa | Зголемување на притисокот на еден mm воден столб¹ |
1 kPa | Атмосферски притисок на Марс, ∼1 % од атмосферскиот притисок на височината на морето на Земјата |
10 kPa | Зголемување на притисокот на еден m воден столб¹, или пад на воздушниот притисок кога се тргнува од нивото на морето до 1000 m надморска височина |
101.325 kPa | Стандарден атмосферски притисок на нивото на морето на Земјата = 1013.25 hPa |
100 MPa | Притисок на дното на Маријанскиот Ров, околу 10 km под површината на океанот |
10 GPa | Дијамантите се формираат |
100 GPa | Теориска сила на затегнување на карбонските нанотуби |
¹на Земјината површина