Перси Биш Шели
Од Википедија, слободна енциклопедија
Перси Биш Шели (Percy Bysshe Shelley, роден 4 август, 1792 – 8 јули, 1822) бил еден од главните англиски романтичарски поети и нашироко сметан за најфините лирски поети кои твореле на англиски јазик. Тој е можеби најпознат по антологиските дела како Озимандиас, Ода на западниот ветер, На чучулигата и Маската на анархијата. Како и да е, неговите главни дела биле долги визионерски поеми, вклучувајќи ги Аластор, Адонаис, Неокованиот Прометеј и недовршената Триумфот на животот. Неконвенционалниот живот на Шели и некомпромитирачкиот идеализам, комбинирани со неговиот силен скептичен глас, го направиле позната и многу почесна фигура во неговиот сопствен живот. Тој постанал идол на следните две или три генерации на поети (вклучувајќи ги и главните викторијански поети Роберт Браунинг, Алфред Тенисон, Данте Габриел Розети, Алгернон Чарлс Свинбурн, Вилијам Батлер Јитс и Субрамања Бхарати). Бил исто така познат по неговата асоцијација со познатите Џон Китс и лордот Бајрон. Сите овие три поети починале на млада возраст. Шели бил оженет со познатата новелистка Мери Шели, авторка на Франкенштајн, и веројатно одговорен за оваа новела.
Перси Шели е син на Тимоти Шели, подоцна втор барон на Замокот Горинг, и неговата сопруга Елизабет Пилфолд. Тој израснува во Сасекс и го добива првобитното образование дома. За време на 1802, Шели се запишува во училиштето во Брентфорд, а за време на 1804 во колеџот Итн. Во 1810 година Шели се запишува на Оксфордскиот универзитет.
[уреди] Листа на поважните дела
- (1811) Потребноста на атеизмо
- (1815) Аластор, духот на самотијата
- (1816) Мон Блан
- (1817) Химна на интелектуалната убавина
- (1818) Озимандиас
- (1819) Ценците
- (1819) Ода на западниот ветер
- (1819) Маската на анархијата
- (1819) Луѓето од Англија
- (1819) Вештерката од Атлас
- (1820) Неокованиот Прометеј
- (1820) На чучулигата
- (1821) Адонаис
- (1821) Одбрана на поетиката (првобитно објавена во 1840)
- (1822) Триумфот на животот (недовршена, објавена во 1824 по смртта на Шели).