Предикатна логика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кај математичката логика, предикатниот калкулус, предикатната логика или калкулус за исказни функции (исто) е формален систем кој се употребуа за опис на математички теории.
Предикатната логика е породлжение на исказната логика, која е неадекватна за опис на посложени математички структури. Граматички кажано предикатната логика додава предикат-предмет структура и квантификатори врз постоечката исказна логика. Предмет е назив кој се дава на еден член или група на индивидуи (множество), а предикат е релација на оваа група.
Многу е потешко да се расудува во предикатна логика одколку во изказна логика. Генерално, таблиците на вистината не се соодветни на предикатна логика, бидејќи еден универзално мерлив предикат може да има бескраен домен на интерес.