Претседателски избори 1999 година
Од Википедија, слободна енциклопедија
Претседателските избори кои се одржаа во 1999 година беа втори по ред слободни и демократски избори во независна Република Македонија. На ова претходеа Претседателските избори во 1994 на кои победи Претседателот Киро Глигоров.
Содржина |
[уреди] Кандидати во Прв Круг
- Муарем Неџипи
- Васил Тупурковски
- Мухамед Халили
- Тито Петковски
- Стојан Андов
- Борис Трајковски
[уреди] Резултати од Првиот круг
По преброените резултати, сите кандидати беа елиминирани од учевство во вториот круг освен Борис Трајковски со освоени 449026 гласови, и Тито Петковски со освоени 509933 гласови во првиот круг на гласањето кој се одржа на 14.11.1999.
[уреди] Резултати од Вториот круг
Вториот круг на гласање се одржа на 05.12.1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности, и огромен број на излезени гласачи помеѓу Албанското малцинство. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582808 гласови а Тито Петковски имаше 513614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски се до доаѓањето на власт во 2002 година на Парламентарните избори.
[уреди] Останати статистики
Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил:1610340 од нив на гласање излегле 1112153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.