Избори во Република Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
По воведувањето на политичкиот плурализам во тогашната Социјалистичка Република Македонија во 1989, беше дозволено формирањето политички партии и во 1990 беа одржани првите слободни и повеќепартиски избори. Во Република Македонија се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, за Претседател на Републиката и локални избори за советници и градоначалници.
Содржина |
[уреди] Парламентарни избори
По воведувањето на политичкиот плурализам во 1989 година, во Република Македонија се одржани 5 парламентарни избори. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата се уште беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независност во 1991 година.
- Парламентарни избори 1990 година
- Парламентарни избори 1994 година
- Парламентарни избори 1998 година
- Парламентарни избори 2002 година
- Парламентарни избори 2006 година
[уреди] Претседателски избори
Досега се одржани 3 избори за избор на Претседател на Републиката. Првиот мандат на Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Републиика Македонија, согласно тогашните уставни решенија.
- Претседателски избори 1994 година
- Претседателски избори 1999 година
- Претседателски избори 2004 година
[уреди] Локални избори
Досега се одржани 4 локални избори во Република Македонија. Карактеристика за локалните избори во Република Македонија се честите промени на границите на општините.
- Локални избори 1990 година
- Локални избори 1996 година
- Локални избори 2000 година
- Локални избори 2005 година
[уреди] Референдуми
Согласно волјата на граѓаните на Македонија, до сега два пати е распишан референдум за прашања поврзани со државата. Првиот референдум во 1991 е по барање на Собранието, а во 2004 по барање на најмалку 100.000 гласачи.