Пропаганда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пропаганда е тип на порака чија цел е да влијае врз мислењето или однесувањето на луѓето. Денотација на пропагандата е ’да пропагира (активно шири) една философија или став’. При пропаганда, најчесто не се работи за обезбедување на неутрални информации, туку на намерно искривени податоци, логички грешки, кои, иако понекогаш се убедливи, не се нужно и точни.
Најчесто овој поим се употребува во политички контекст, особено кога се однесува на напори спонзорирани од влади или политички групи.
Пропагандни техники се: повикување на патриотските чувства, неосновани воопштувања, намерна неодреденост, преголемо упростување на комплексни прашања, рационализација, апелирање, употреба на кратки пароли, на еуфемизми, создавање стереотипи, непотврдени претпоставки, употреба на мислења на познати лица или авторитети и слично.
Денес пропагандата има негативен призвук, поради што нејзините извршители своите пропагандни активности најчесто се нарекуваат односи со јавноста.