Рајхсмаршал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рајхсмаршал (германски: Reichsmarschall, „Маршал на Империјата“) бил највисокиот воен чин во армијата на Третиот Рајх за време на Втората Светска војна.
Чинот Рајхсмаршал првибитно бил создаден пред XII век, за време на Светата Римска Империја. Историски, овој чин не бил нити уникатен, нити престижен, како за време на Втората Светска војна. За време на Германското царство и Првата Светска војна, никој во германската војска не го имал овој чин.
За време на Втората Светска војна, Херман Геринг бил единствениот човек со чин Рајхсмаршал, кој го добил во 1940 од Адолф Хитлер. Геринг, кој бил главен командант на Луфтвафе, имал многу други престижни звања, како Главен Рајх-Ловец, Ополномоштен Комесар на Четворолетката и Министер на Економијата.
Хитлер му го дал овој чин на Геринг главно за да го назначи за старешина на сите членови на генералштабот на Вермахтот. Друга причина за ова е фактот што Хитлер го планирал Геринг за негов наследник, така што во случај на атентат би се воспоставила јасна линија на наследување од војската.
[уреди] Видете исто така
- Фелдмаршал
- Маршал
- Херман Геринг
- Заменик-фирер