Берлин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Берлин е најголем и воедно главен град на Сојузна Република Германија. Има околу 3 милиони жители и претставува вистински културен, економски, политички центар не само на Германија туку и пошироко во регионот и во Европа.
Сместен е во источниот дел на Германија на околу 100 километри од границата со Полска. Од завршувањето на Втората Светска војна па се до 1989 година тој е поделен на два дела помеѓу Источна Германија и Западна Германија кои биле под влијание на СССР и САД соодветно. Во 1989 година со падот на Берлинскиот ѕид кој ги делеше Источниот од Западниот дел на Берлин се означува соединувањето на двете Германии, а со тоа симболично се означува и крајот на ерата на СССР и комунизмот во светот.
[уреди] Туристички атракции
Берлин е град со голема историја и богата култура. Во Берлин се лоцирани голем број на туристички атракции како:
- Фернзетурм (Der Fernsehturm) - кулата на германската телевизија
- Рајхстагот (Der Reichstag), седиштето на германскиот парламент уште од времето на првиот и вториот Рајх.
- Кројцберг (Kreuzberg), познат и како мал Истамбул, поради големата концентрација на турско население во таа област на градот.
- Бранденбуршката порта
- Многубројни музеи од времето на поделбата на градот.
- Многубројни музеи посветени на страдањето на Евреите, и на Холокаустот.
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |
1896: Атина • 1900: Париз • 1904: Сент Луис • 1908: Лондон • 1912: Стокхолм • 1920: Антверпен • 1924: Париз • 1928: Амстердам • 1932: Лос Анџелес • 1936: Берлин • 1948: Лондон • 1952: Хелсинки • 1956: Мелбурн • 1960: Рим • 1964: Токио • 1968: Мексико Сити • 1972: Минхен • 1976: Монтреал • 1980: Москва • 1984: Лос Анџелес • 1988: Сеул • 1992: Барселона • 1996: Атланта • 2000: Сиднеј • 2004: Атина • 2008: Пекинг • 2012: Лондон