Региони во Нов Зеланд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Регион е формален термин за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални власти (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни власти. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од индивидуална територијална власт на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербури. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните единици, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.
Содржина |
[уреди] Должности
Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биобезбедност или справување со штетници; додека територијалните власти се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат .
[уреди] Региони
Регион | Седиште | Површина (км²) | Население(2) | ||
---|---|---|---|---|---|
1 | Нортленд | Фангареи | 13.941 | 147.600 | |
2 | Окленд | Окленд | 16.140 | 1.316.900 | |
3 | Ваикато | Хамилтон | 25.598 | 381.800 | |
4 | Залив на изобилството | Тауранга | 12.447 | 257.600 | |
5 | Гизборн (1) | Гизборн | 8.351 | 44.900 | |
6 | Таранаки | Стратфорд | 7.273 | 105.500 | |
7 | Манавату-Вангауи | Вангануи | 22.215 | 227.100 | |
8 | Јастребов залив | Напиер | 14.164 | 149.100 | |
9 | Велингтон | Велингтон | 8.124 | 456.900 | |
10 | Марлборо (1) | Бленхајм | 12.484 | 42,300 | |
11 | Нелсон (1) | Нелсон | 445 | 45.200 | |
12 | Тасман (1) | Ричмонд | 9.786 | 45.800 | |
13 | Кантербури | Крајстчерч | 45.845 | 520.600 | |
14 | Западен Брег | Грејмут | 23.000 | 30.600 | |
15 | Отаго | Данидн | 31.476 | 195.000 | |
16 | Саутленд | Инверкаргил | 30.753 | 93.600 | |
17 | Четемски остров (3) | Ваитанги | 963 | 750 | |
(1) Овие региони се унитарни административни единици, и истовремено се региони и окрузи. |
Нов Зеланд |
![]() Оваа статија е дел од серијалот: |
|
Устав |
|
Законодавство
|
Правосудство
|
Регионални власти
|
Други
|
Други земји • Портал Политика |
[уреди] Области вон регионалните граници
Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадечките и субантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.
[уреди] Раководство
Советите се бираат со јавно гласање секои три години.
[уреди] Видете исто така
- Провинции во Нов Зеланд
- Територијална поделба на Нов Зеланд
- Листа на градови во Нов Зеланд
[уреди] Надворешни врски
- Карта (англиски)
- Населенија и зафатнини (англиски)
![]() |
|
---|---|
Северен остров: |
Нортленд | Окленд | Ваикато | Залив на изобилството | Гизборн¹ | Јастребов залив | Таранаки | Манавату-Вангануи | Велингтон |
Јужен остров: |
Тансман¹ | Марлборо¹ | Нелсон¹ | Западен Брег | Кантербури | Отаго | Саутленд | Фјордленд² |
¹ Унитарни административни единици ² Само неформално; официјално непризнаени ентитети |