Окленд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Окленд | |
Население: | 1,241,600 жители |
Градоначалник: | Повеќе, како на пр. Дик Хабард, Сер Бери Кертис, Боб Харви, Џорџ Вуд |
Населена област | |
---|---|
Зафатнина: | на север до Кумеу & Ваивера, на исток до Баклендската плажа, на југ до Рансиман; не се бројат планинскиот венеци Ваитакере & Островите на заливот Хаураки |
Територијална власт | |
Имиња: | Град Окленд Северен Брег Ваитакере |
Општина: | Окленд |
Оклендската метрополитенска област или Голем Окленд, на Северниот остров, е најголемото населено место во Нов Зеланд. Градот е конурбација, сочинета од градовите (или подградовите) Град Окленд, Ваитакере, Манукау и Северен Брег. На маорски градот го носи името Tāmaki Makau Rau или Ākarana. Бројот на жители е нешто над 1.3 милиони, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг - една третина од населението на Нов Зеланд.
Голем Окленд се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, Манукавското пристаниште на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу Манукавското пристаниште на Тасманско море и Ваитематското пристаниште на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани.
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Маорските доселеници
Tamaki Makau Rau (теснецот на илјада љубовници), денес познат како Окленд, бил најпрвин населен од маорите околу 1350 год. Регионот бил вреднуван за својата богата и плодна почва. Маорите правеле терасести утврдени села (па) на мртви и зарамнети вулканиски врвови. Пред доаѓањето на белците, маорите имале околу 20,000 вакви села во регионот, бројка која подоцна го квалификува местото како град. Прекопаните брда можат да се видат и денес околу поголемите вилкани како Албертовото брдо, Идновото брдо and Брдото со едно дрво.
Теснецот е широк околу 8 км со тоа што Иднското брдо и Брдото со едно дрво се наоѓаат на најтесното место. Ова ѝ овозможила на областа големи стратешки предности. Теснецот исто така има високопродуктивни почви, кои представувале голем аграрен потенцијал, а двете пристаништа давале разнообразни kai moana (морски плодови).
Нгати Фатуа и Таинуи биле двете главни племиња кои живееле во областа. Доаѓањето на европејците и трговијата со пушки ја промениле рамнотежата на власта помеѓу иви-те (луѓето) и резултирало во неизбежен вооружен конфликт. Европското доселеништво значително го намалило бројот на маорите во (денешен) централен Окленд заради меѓумаорските војувања, новите болести (особено сипаници и туберкулоза), и другите проблеми од кои домородечките народи страдале како резултат на колонизацијата. Имало периоди на миграција на европејци и Māori, и затоа, уште од почетната фаза на колонизација се отворил проблемот на многу мало маорско население во регионот.
Апихаи Те Кавау (ц. 1760-1869), водач на Нгати Таоу Хапу, бил блзок пријател на Самуел Марсден. През десетмесечен период во 1821-1822 год. тој имал важна улога во 1,000 експедицијата од илјада милји „Амиофенуа“. Овие битки се воделе во поголемиот дел од централниот и јужниот Северен остров. Завршиле со сојузувањето на Нгати Фатујските сили на Те Кавау, со Таранаките со кои предходно биле во војна, и нивната победа над па-то на Таинуи Матакитаки во неговата одбрана од Нгапухиските сили на Хонги Хика.
Кон 1840 год. Те Кавау станал врховен водач на Нгати Фатуа. Те Кавау бил предупреден за репресалиите што може да уследат од страна на поразените Нга Пухи, и затоа му понудил земја околу денешниот градски центар на управителот Вилијам Хобсон. Тој и шест други водачи патувале по Заливот на островитеистата година за да ја официјализираат понудата и го потпишале Ваитангскиот договор на 20 март.
Нгати Фатуа сигурно би очекувале од англискиот колонијализам зголемена безбедност и трговски погодности. Ова значело поголем пристап до развиеното пристаниште за транспорт и пласирање земјоделските производи од плодните Ваикато и Хаурашките Рамнини на Таинуи на пазарите во австралиските затворенички колонии и за Сиднејскиот пазар. Продажната цена за првите 3,000 акри (12 км²) била готовина и трговска стока во вредност од £341 (околу 31.400 денешни евра)
Како што маорското население се смалувало во последните сто години, така се смалувала и земјата под управа на Нгати Фатуа. За 20 години, тие изгубиле 40% од нивната земја, дел од неа по пат на владина конфискација. При најнискиот број на население, земјиштето на Нгати Фатуа се намалило на неколку акри кај Оракеи, земја која Те Кавау ја декларирал како „последно упориште“.
[уреди] Раѓањето на Окленд
По потпишувањето на Ваитангскиот договор во февруари 1840, новиот управител на Нов Зеланд, Вилијам Хобсон, се соочил со задашата да избере нов главен град на колонијата. Во тоа време, главните европски населени места се наоѓале во регионот на Заливот на островите. Меѓутоа, неговата местоположба била премногу незгодна и нецентрална за да може да биде поврзан со другите делови на новозеландскиот архипелаг.
Дури и во 1840 Порт Николсон (денешното Велингтонско пристаниште) бил очигледниот избор за административното седиште. Местото било сместено во централниот дел на на југот на Северниот остров, близу до Јужниот остров и истото се развивало бргу, и ветувало многу. Но Новозеландската компанија и Вејкфилдските браќа го основале и понатаму го доминирале Порт Николсон. Освен тоа, истото веќе имало лошо име кај маорите за бескрупулозното, па дури и незаконско заземање на земја.
По првичната препорака на мисионерот Хенри Вилијамс со поддршка на Генералниот Геометар, Фелтон Метју, и со понудата на земја од Нгати Фатуа, Хобсон ја избрал јужната страна на Ваитематското пристаниште за идна престолнина, а за привременна престолнина го поставил Окиато (исто така познат како Стар Расел) на Заливот на островите. Главниот судија, Капетан Вилијам Корнвалис Сајмондс, наскоро купил и повеќе земја од Нгати Фатуа, и основоположничката церемонија започнала во 13:00 часот на 18 септември 1840 год., веројатно на височинката на горниот крај на денешната најглавна улица во Окленд, Квин Стрит. Хобсон го крстил ова населено место Окленд во чест на Џорџ Идн, првиот гроф на Окленд, негов патрон и пријател. Името се здобило со кралско одобрение во 1842 год.
Уште од почеткот постоел постојан прилив на нови жители од другите краишта на Нов Зеланд и од светот. Најпрвин тоа биле претежно доселеници од Нов Јужен Велс, но првите имигрантски бродови директно од Британија почнале да доаѓаат уште од 1842 год. Уште од раното доба источната страна на населбата била резервирана за владините членови, додека механичарите и занаетчиите, т.н. „неофицијални“ доселеници, се собирале на западната страна. Оваа географска класна поделба сеуште постои во Окленд.
Подоцна Порт Николсон (денешен Велингтон) станал престолнина, и така останал сѐ до денес. Предностите што ги нудела централната местоположба станале уште поочигледни кога Јужниот остров станал просперитетен со откривањето на злато во Отаго, и со развојот на овчарството на големо и разладувањето, особено разладните бродови со кои замрзнато месо можело безбедно да се пренесува до Велика Британија. Парламентот проработел за прв пат во Велингтон во 1862. 1868 владата се преселила таму.
[уреди] Експанзијата на Окленд
Окленд се оформил како база за операциите на управителот Џорџ Греј против востаничкото движење за маорски крал во раните 1860-ти години. Грејовиот модус операнди подразбирал отворање на регионите Ваикато и Кинг Кантри со изградбата на патишта како на пр. Великиот јужен пат, (чиј голем дел денес го сочинува Државниот автопат 1). Ова овозможило голема подвижност на војската и доток на цивилни доселеници. Исто така ова им дало можност на пакеха (белците) за станат влијателни и да донесуват закони во областа [Јужен Окленд]].
Кон средината на 19-тиот век, европјаните главно се доселувале на јужниот остров. Меѓутоа Окленд полека станал стопански најзначаен град. Во предградијата се саделе градини и овоштарници, додека обработката на каури дрва и исползувањето на смоли ги отворило планинските венци Ваитакере.
Во 1880-тите години постоел страв од руска инвазија и заота биле изградени утврдувања со крајбрежни топови на разни места како на пр. Девонпорт и на островот Ваихеке, каде што сеуште можат да се видат.
Во 1900 год. Окленд станал наголемиот град во Нов Зеланд.
За време на Втората светска војна, Окленд бил надлетан од непријателски јапонски авион кој бил неуспешно следен од Кралската новозеландска авијација.
Во 1950-тите бил изграден Оклендскиот пристанишен мост кој го поврзува Северниот Брег со центарот на градот.
По иницијатива на Новозеландската Лабуристичка партија голем број на државни домови биле изградени во 1930-тите, 40-тите и 50-тите години, обично на плацеви од четврт акр (1,000 m²) - традиција која и денес постои и покрај честите пределби. Окленд претешно се состои од населби: иако нема повеќе од една седмина од населениоето на Лондон, градот се простира врз огромна површина - факт што ја објаснува неефикасноста и непопуларноста на јавниот превоз во градот.
[уреди] Географија и клима
[уреди] Вулкани
Окленд се простира врз вулканите на Окленското вулканско поле. Постојат 50 вулкански отвори во градот во облик на конуси, езера, лагуни, острови и депресии, и неколку од нив имаат изливано големи количини на лава. Најголемиот број на конусите се веќе целосно или делумно изрударени. Сите вулкани се индивидуално мртво, иако самото вулканско поле не е мтрво, туку само заспано. Најмладиот и најголемиот вулкан се наоѓа на островот Рангитото, и е создаден во последните 1000 години. „Ранги“ значи „небо“, а „тото“ значи „крв“, што знали дека името му е дадено одкога некои маори ја проследиле ерупцијата. Заради неговата големина, симетрија, местоположба во однос на морскиот приод кон Окленд и неговата видливост од многу делови на Окленд, Рангитото е најзначајната георграфска атракција во градот. Островот е мистично тивок и е речиси ненаселен од птици и инсекти (или било кои други животни) заради богатата киселинска почва и видот на вегетација кој расте на ваква каменеста почва.
[уреди] Теснец и пристаништа
Окленд се простира врз и околу теснец, потесен од два километра на најтесното место. Постојат две пристаништа во оклендската населена област околу теснецот, Ваитематското пристаниште на север, и Манукавското пристаниште на југ.
Постојат два моста преку нив, окленскиот пристанишен мост на Ваитематското пристаниште и мангерскиот мост на Манукавското пристаниште.
[уреди] Клима
Окленд има умерено-топла клима со толли, влажни лета и не многу ладни, но влажни и долги зими. Јануарските температури се движат од 21 до 24 °C.Февруари и Март се потопли од јануари, а во јули максималната температура изнесува 14-16 °C. Регионот се одликува со високо ниво на врнежи (преку 1100 мм годишно), особено зиме. Климатските услови варираат во разните делови од градот заради нивните географски опкружувања како брда, дрвја и струите на океанскиот ветер. Во градот никогаш не е забележан снег, за разлика од градовите на Јужниот остров каде врне снег скоро секоја година. Забележан е снег северно од Окленд, кај Каикохе.
[уреди] Население
- Видете исто така: Новозеландска култура
[уреди] Култури
Во Окленд постојат разни култури. Најголемиот дел од населението се од европско — главно британско — потекло, но постојат и големи заедници на маорско, пацифички островјани и разни азијати. Окленд ја има најголемата заедница на полинезијци во светот, поголема од било кој град. Речиси еднакво голем дел од населението е сочинет од граѓани доселени или со потекло од Азија (главно Источна Азија). Ова се должи на фактот што Нов Зеланд е водечката земја во имиграција во светот, која главно се доселува во Окленд. Разни етнички групи од целиот свет живеат таму и со тоа Окленд е најкосмополитскиот град во земјата. Преку 14 странски државјани се доселуваат во Окленд секој ден.
Во 2001 год. новозеландскиот попис на население и живеалишта укажува на следниве бројки:
- 66.9% од жителите на Окленд се европјани.
- 14.9% од жителите на Окленд се пацифички островјани.
- 14.6% од жителите на Окленд се азијати.
- 11.5% од жителите на Окленд се маори.
- 1.3% од жителите на Окленд припаѓаат на други етнички групи.
(Забелешка: овие постотоци не сочинуваат 100%, бидејќи некои жители припаѓаат на повеќе од една етничка група).
[уреди] Религија
Како остатокот од земјата, половината од жителите на Окленд номинално се христијани, но помалку од 10% се активни верници и речиси 40% воопшто немаат вера (по пописот од 2001 год.). Главните цркви се англиканство, презвитеријанство и Римокатолицизам. Пентелосталните и харизматичките цркви се одликуваат со најбрз пораст. Други вери донесени од разната имиграција се будизмот, хиндуизмот и исламот. Исто така постои и мала но прилично стара еврејска заедница. Постои и уште помала рационалистичка група.
[уреди] Стил на живеење
Атрактивни аспекти од животот во Окленд се неговата умерена клима и бројните можности за образование, забава и разонода. По квалитет на живот, Окленд се рангира на осмо место по Цирих и Женева во истражувањето за ранг-листа од 55 града. (Линк: Mercer Consulting quality of life survey)
Окленд се наоѓа на 31-во место на УБС-листата на најбогатите градови во светот. [1]
[уреди] Разонода
Окленд се нарекува „градот на едрата“ заради тоа што во пристаништето секогаш можат да се видат стотиви јахти. Градот има разни кафулиња, ресторани, и ноќни клубови. Улиците High Street, Квин Стрит, Понсонби Роуд и Карангахапе Роуд исто така се популарни урбани места за забава. Њумаркет и Парнел се поекслузивни места за шопинг. Пазарите во Отара и Авондејл, како и Викториа Парк Маркет нудат разнолик алтернативен шопинг.
Популарни плажи во Окленд се наоѓаат во населбите Мисионерски залив, Девонпорт, Такапуна, Долг залив и Мараетаи, а популарни сурферски плажи се Пиха и Муриваи.
Со ферибот може да се отиде до Девонпорт, островот Ваихеке и островот Рангитото. Пријатни места за пикник се главниот оклендски парк наречен Auckland Domain, Алберт парк, Паркот кај Брдото со едно дрво и Западните извори. Окленд има многубројни терени за рагби и крикет (како на пр. Идн парк), и места за тркачки спортови, тенис, бадминтон, пливање, гудбал, рагби лига и многу други спортови.
Секоја година во март во градот се одржува крос од 8.4 км познат како „Околу заливите“ кој почнува во центарот и оди по водата до населбата Сент Хелиерс. Овој настан привлекува десетици илјади посетители.
Во Градското собрание и Аотеа центарот се одржуваат разни конференции како и културни настани од типот на театарски претстави, капа хакаи опера. Многу народни блага се изложени во Оклендската уметничка галерија, како на пример делата на Колин МекКаон. Други важни културни артефакти се наоѓаат во Оклендскиот музеј, Новозеландскиот национален поморски музеј, и Музејот на транспорт и технологија (МОТАТ). Егзотични животни можат да се видат во Оклендската ЗОО градина и Кели Тартоновиот подводен свет. Во градот исто така се одржуваат рок концерти и слични настани (како на пр. Big Day Out)
[уреди] Работа
Секој работен ден, многу професионални работници доаѓаат во центарот на градот од сите краишта. Најголемиот дел од големите интернационални корпорации имаат претставништва во Окленд. Најскапиот деловен простор е во долниот реон на улицата Квин Стрит и Вијадуктскиот базен. Голем дел од техничките и индустриски работници се лоцирани во Јужен Окленд.
[уреди] Станување
Нјачестиот вид на станбено место во градот е бунгалов од „четврт акр“ (1,000 м²) и таоа резултира во сообраќајни метежи и зависност од автомобили. Регионалните општини се обидуваат да го контролираат овој тренд, со стратегии за станување како лепенки и станови и забрана за пределба на имоти во реоните на крајот од градот.
[уреди] Транспорт
[уреди] Патишта и железници
Окленд се соочува со значителен проблем на сообраќајни метежи. Постои голема мрежа на автопатишта, планирана пред повеќе децении, но истата останува недовршена и во 2006 год. Првобитниот план веројатно никогаш нема да се оствари заради тоа што истиот денес е економски неисплатлив; меѓутоа, постои бреој на круцијални празнини во мометалната мрежа. Од 2001 год., почнати се неколку проекти за изградба на автопатишта кај и околу Централниот јазол, додека нови патишта се во изградба југозападно од градот и во горниот дел од пристаништето. Во Окленд, како и во цел Нов Зеланд, автопатиштата се финансираат многу повеќе од јавниот превоз, и панираната патна мрежа е прилично голема во однос на големината на Окленд.
Скорешните подобрувања на Северниот автопат го намалија патното време од Северниот Брег до Орева, додека истовремено проширувајќи го сообраќајниот метеж во јужната област Родни. Предвидено е дека Орева по некое време ќе стане дел од градот како резултат на северно-ориентираната експанзија на градот.
Транспортниот центар Бритомарт, отворен во јули 2003 год. е централна раскрсница за автобуси, нешто возови и фериботи.
[уреди] Аеродроми
Оклендскиот интернационален аеродром, најголемиот аеродром во Нов Зеланд, се наоѓа во јужната населба Мангере, која е дел од подградот Манукау.
[уреди] Фериботи
Фериботите се популарен облик на јавен превоз. Жителите на Сеерниот Брег го избегнуваат сообраќајниот метеж на автопатот со тоа што го користат фериботот од Девонпорт, Бејсвотер и Стенлиевиот залив до центарот на градот. Фериботите исто така го поврзуваат градот со островите Рангитото и Ваихеке како и со населбата Залив на полумесечината.
[уреди] Атракции
- Небесната кула, највисокиот самостоен објект на јужната хемисфера. Висока е 328 м.
- Врвот на Идновото брдо го нуди најдобриот поглед на градот. Тоа е едновремено највисоката точка во Окленд. Меѓутоа на тој вулкански конус му се заканува опасност да се спласне како резултат на честите посетители.
- Брдото со едно дрво (Маунгакиекие) - вулкански конус јасно видлив во јужните централни населби. Дрвото е исечено и повеќе го нема.
- Викториното брдо нуди неверојатен поглед на градот и се наоѓа во центарот на населбата Девонпорт.
- островот Рангитото - го чува простапот кон Ваитематското пристаниште, и представува уште една атракција.
- Идн парк - таму се наоѓа главниот градски стадион и е чест домаќин на натпревари во кои играат националниот рагби тим Ол Блекс и националниот крикет тим Блек Кепс.
- Стадион Ериксон - каде се одржуваат главно натпревари во рагби лигата и фудбал.
- Стадион Западни извори - природен амфитеатар кој главно се користи за спидвеј трки и поп и рок концерти.
- Плоштад Аотеа, Квин Стрит и карангахапе Роуд- средиштето на оклендскиот центар.
- Оклендски пристаниен мост - го поврзува Окленд со Северниот Брег и е симбол на градот.
- Вијадуктски базен - Марина во центарот на градот, и собиралиште за регатата на Купот на Америка во 2000 и 2003 год. Денес местото е полно со кафулиња и клубови.
- Трговски центар Ботани, Хавик - е комплетен трговски центар, еден од најголемите во градот во кој има и кино, куглана, комплекс од ресторани за брза храна и голем број на продавници.
[уреди] Видете исто така
- Град Окленд
- Оклендски универзитет
- Оклендска филхармонија
- Окленд (област)
- Џорџ Идн, прв гроф на Окленд
- Браунов залив (населба)
[уреди] Надворешни врски
- Auckland City Council: aucklandcity.govt.nz
- Tourism Auckland: aucklandnz.com, auckland-life.com
- Leisure & Lifestyle: 1, 2, 3, 4, 5
- Street maps: 1, 2
- Healthcare: Auckland, Waitemata, Counties Manukau
- News: nzherald.co.nz
- Transport: Buses & trains, Traffic-cams, Airport, Motorway Info
Статијата Окленд е пример меѓу одбраните статии. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија. |