Референдум 2004
Од Википедија, слободна енциклопедија
Референдумот од 2004 година е распишан со цел изјаснување околу ново-усвоениот закон за нова територијална поделба на Република Македонија. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива објавен во Службен весник на РМ бр. 24/98, а по барање на 180.545 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на 7 ноември 2004.
На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:
Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?
Иницијатор за собирање на потписите беше Светскиот македонски конгрес.
Содржина |
[уреди] Изборна статистика
- Право на глас имаa 1.709.536 лица, запишани во Избирачкиот список.
- Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места, при што целата територија на Република Македонија беше една изборна единица.
- Изборни органи што го спроведувале референдумот се:
- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.
[уреди] Политички импликации
Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од СДСМ, стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот. Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа САД кои 2 дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.
[уреди] Резултати
Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.
- ЗА гласале: 427.112 или 94.01%
- ПРОТИВ гласале: 22.212 или 4.89%