Ролс-Ројс Фантом (БМВ)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ролс-Ројс Фантом Rolls-Royce Phantom |
|
![]() |
|
Произведувач: | Ролс-Ројс |
---|---|
Производство: | 2003-денес |
Претходник: | Ролс-Ројс Сребрен Сераф |
Класа: | Полноголемински луксузен автомобил |
Тип на каросерија: | 4 врати, седан |
Мотор: | 6.75 Л V12 |
Пренос: | 6-брзински автоматски |
Должина: | 5.83 m |
Ширина: | 1.99 m |
Висина: | 1.63 m |
Тежина: | 2485 kg |
Сроден: | БМВ Серија 7 |
Сличен: | Мајбах 57/62 Бети Арнаж |
Дизајнер: | Марек Ѓорѓевиќ Иан Камерон |
Ролс-Ројс Фантом (Rolls-Royce Phantom) е ултра-лукзузен автомобил од Ролс-Ројс, филијала на БМВ, во Обединетото Кралство. Бил лансиран во 2003 год. и е првиот модел на Ролс Ројс во сопственост на БМВ.
Содржина |
[уреди] Карактеристики
Има 6.75 Л, 48-вентилски, V 12 мотор кој дава 453 кс (338 kW) и 720 N·m) момент на сила. Моторот е изведен од постоечкиот V12 мотор на БМВ.
Автомобилот е висок 1.63 m, широк 1.99 m и долг 5.83 m, и тежи 2485 kg. Каросеријата е направена од алуминиумски костур, а возилото има забрзување од 100 км/ч за 5.7 s. Има честбрзински автоматски менувач и двојнојадечна амортизација.
Во март 2005 бил претставен Фантом со продолжено оскино растојание на Женевскиот автосаем, кој е за 250 mm подолг од стандардниот Фантом.
[уреди] Дизајн
БМВ вложиле многу напори за да го различат Фантомот од нивните возила. Иако 15% од елементите ова возило ги дели со други БМВ возила (како БМВ Серија 7), Фантомот ги има задржано традиционалните Ролс-Ројсови карактеристики.
Намерата била возилото да не изгледа само како уште еден автомобил од БМВ. Кога Мерцедес-Бенц го лансирале нивниот Мајбах, тие биле критикувани за произведување на the „ултимативен Мерцедес“ наместо автомобил од засебна марка. Автомобилот делел многу компоненти со и изгледал како поевтиниот седан од S-Класата. БМВ од ова извлекле поука, продавајќи го Фантомот во засебни салони, додека салонот на Мајбах во Лондон истот ака продава и наједноставни модели на Мерцедес.
Алуминиумскиот костур се прави во БМВ фабрика во Динголфинг, Германија а V12 моторот во Минхен. Крајното склопување, како и сета кожа и дрвенарија, по желбите на секој индивидуален купувач се прават во погон во Гудвуд, Западен Сасекс, Англија. Во погонот има само два робота за бојадисување; сѐ друго се прави рачно, во согласност со традицијата на Ролс-Ројс.
[уреди] Новитети
- Наместо обртомер, авцтомобилот има сказалка за резерва на моќ која покажува уште колку од силата на автомобилот му преостанува на возачот.
- Задните врати имаат шарки назад, стил пошто наречен самоубиствени врати, но нарелен 'кочијска врата' од Ролс-Ројс. Вратите се затвораат на стисок на копќе со помош на хидраулика. Електронски се заклучуваат за да се избегне случајно отворање на вратите додека се вози.
- Задните врати во себе носат чадори кои отскокнуваат од лежиштата. Во лежиштата има пропелери за ладење кои ја острануваат влагата кога чадорите стојат внатре.
- Духот на Екстазата (знакот напред) има механизам за автоматско електронско вовлекување против кражба и за безбедноста на пешаците во случај на несреќа. Истото се вовлекува и однатре на копче.
- Логата 'RR' на раткапните се посебни лежишта за да можат секогаш да бидат исправени додека тркалата се вртат.
[уреди] Продажба
Година | Продадени |
---|---|
2003 | 300 |
2004 | 792 |
2005 | 796 |
2006 | 805 |
Вкупно | 2693 |
- БМВ имаат поставено животна производна граница на 10,000 Фантоми.
- Основната цена е £250,000 во Обединетото Кралство и $340,000 во САД.
- Во јули 2006, Ролс-Ројс направиле ограничено издание од 25 автомобили наречено Phantom Black [1]
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт (англиски)