Св. Леонтие (манастир)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Манастирот "Св.Леонтие" се наоѓа во близина на селото Водоча, недалеку од Струмица. Се предпоставува дека овој манастир, заедно со својата манастирска црква датира од времето на Цар Самуил,т.е. од 11-тиот век.Според една легенда, по поразот на самуиловата војска во битката на Беласица нивното ослепување се случило токму на ова место, каде исто така ослепените војници ги лекувале раните од околните извори. Оттука доаѓа и името на селото Водоча (Вадиочи).
Манастирската црква посветена на Св. Леонтие е значајна по своето фрескосликарство, кое припаѓа на Охридската школа и временски се датира заедно со фрескоживописот од црквата Св.Софија во Охрид.Само неколку композиции од некогашниот фрескоживопис се сочувани. Тоа се, пред сe, портретите на ѓаконите Исавриј и Еуплос, како и фреската "Четириесет маченици".