Струмица
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||
|
|||
|
|||
Општина: | Струмица | ||
Површина: | 321,49 km² | ||
Надморска височина: | 280 m | ||
Население: | 35311 жители попис 2002 | ||
Поштенски код: | 2400 | ||
Повикувачки број: | 034 | ||
Општински код: | СР | ||
Латитуда: | 41° 22' N | ||
Лонгитуда: | 23° 45' E | ||
Градоначалник: | Зоран Заев |
Градот Струмица се наоѓа во југо-источниот дел на Република Македонија и со своите 35311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.
Содржина |
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, во градот Струмица живеат 35311 жители, од кои
[уреди] Историја

Градот Струмица постоел уште од X век п.н.е. кога бил познат под името Астраион. Во IV век н.е. после битката на Беласица, градот потпаѓа под византиска власт и го добива името Тивериополис. По основањето на Словенскиот јазик и инвазијата на Словените во текот на VI век в.н.е. градот добива словенско име добиено од истоимената река Струмица која тече во близина на градот. Наоди за историскиот развиток на Струмица се наоѓаат и на Струмичкото Кале, кое е во доминантна положба над самиот град и околијата.
Географски Струмица се наоѓа во центарот на геогравска Македонија и за разлика од други градови, Струмица отсекогаш припаѓала на Македонија уште со самото основање на античката држава Македонија во VII век п.н.е.
Струмица сè уште постои и функционира како град, а во неговата околина се наоѓаат уште 72 населени места, со чие население брои околу 150 000 жители.
[уреди] Личности
[уреди] Стопанство
Струмица во Европа и светот е позната по нејзиното родно поле и природните квалитетни земјоделски производи од кои најпознати се лубеницата (бостанот), градинарските култури (домати и пиперки), тутунот и др. Во градот работат повеќе индустриски капацитети кои вработуваат голем број на работници. Најуспешни индустриски капацитети се текстилната индустрија „Герас Цунев“ и ЗИК „Грозд“ (познат по квалитетната „струмичка мастика“) кои ги пласираат своите производи и на странските пазари како САД, Русија и др. Во поново време се забележува голем развој на малостопанството, а застапени се и странските вложувања пред се од соседна Грција.
[уреди] Општина Струмица
Во центарот на градот се наоѓа општинската самоуправа, позната како Градско Собрание кое ги носи градските и општинските одлуки. Струмица е седиште на општината Струмица, која опфаќа 25 населени места и брои 54676 жители. Населени места во општина Струмица се: градот Струмица и селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино,Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води и Чепели.
Во моментот градолначалник на општина Струмица е Зоран Заев.
[уреди] Туристички атракции
Струмица има и неколку настани кои заслужуваат епитет туристичка атракција. Тоа се големиот Струмички карневал [1], фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, водопадите во Смолари итн.
[уреди] Личности
- Горан Пандев - македонски фудбалер, член на ФК Лацио
- Ристо Шишков - македонски актер
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип