Сетоле
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сетоле е село во Општина Тетово.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Сетоле |
Општина: | Општина Тетово |
Население: | - |
Поштенски број: | 1200 |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 950 м |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | www.setole.com.mk |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
[уреди] Историja
Сетоле е едно од најопеаните тетовски села. Оддалечено е од Тетово 12 километри, а од селото Џепчиште до Сетоле води 5 километри асфалтиран пат. Стуткано длабоко во подножјето на Шар Планина, на 1.000 метри просечна надморска височина, денес е пример на селата кои одумираат и се раѓаат едновремено.
Според турски документи од 1628 година Сетоле се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 христијански фамилии (ханета).
Некогаш, на крајот од 19-от и почетокот на дваесеттиот век, Сетоле имало училиште со 70 ученици. Сетолци живееле од сточарство, особено со овчарството, но се занимавале и со овоштарство. Костените од Сетоле се многу ценети плодови. И оревите, исто така. Старата прочуена сорта Тетовско јаболко денес се уште може да се најде во питомите падини на Сетоле, чија зелена питомина се спојува со непрегледните пасишта под впечатливиот врв Плоча, на 2.000 метри надморска височина.
Летописот за Сетоле бележи еден долг период на молк, анонимност и децениско обезличување. Вечната сенка на македонскиот народ – печалбарството, овде оставаше свои траги, зошто благостостојбата во Сетоле секогаш се разминувала со вековната упатеност на барање егзистенција и поубав живот на сите дестинации каде со македонската душа живееја и живеат по светот.
Токму така зборуваат трите невести Сетолки во прочуената песна Огреала месечина. Лирската мелодија на оваа народна песна е знак за препознавање на Сетолци.
Географски и по судбина се соседните села Отуње и Јадоарце. Сетоле е богато со чиста планинска вода. Овде прочуениот Студенец е еден од повеќето извори каде Сетолци и намерниците во селото уживаат во студената вода што упатува на помислата дека чистата планинска вода е индикатор на богатството на современиот свет.
Денес, Сетоле повторно е меѓу минатото и иднината. Голем број од старите куќи се обновени и се изградени викендици со што започна нов живот во селото. Пасиштата и натаму се без овци и претставуваат исчезната планинска романтика, но се јавуваат нови можности на идниот развој – ловниот туризам со Ловечкиот дом на ловното друштво Шар Планина од Тетово, а особено селскиот туризам, за што питомиот предел на Сетоле пружа извонредни услови