Скопска Блатија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Скопска Блатија (или само Блатија) е област во источниот дел (на територијата на Општина Петровец и дел од територијата на Општина Зелениково) на Скопското Поле од левата страна на реката Вардар во околината на Катлановското Блато по што се претпоставува дека оттаму го добила и името. На запад областа се граничи со градот Скопје, на југ со областа Торбешија, на исток и југоисток со Таорската клисура и Велешкиот регион, а на север со Општина Илинден.
Содржина |
[уреди] Потекло на името и села во Скопска Блатија
Името на областа Блатија потекнува од нејзината близина до Катлановското Блато, а и од самото мочурливо и блатесто земјиште во близината на реката Вардар поради честите негови излевања од коритото.
Во составот на областа Скопска Блатија влегуваат следниве села: Петровец, Р’жаничино, Долно Коњари, Средно Коњари, Горно Коњари, Сушица (Скопско), Дивље, Летевци, Катланово, Бадар, Брезница, Кожле, Блаце, Огњанци, Градманци, Ќојлија (под Општина Петровец), Таор, Ново Село и Пакошево (под Општина Зелениково)
[уреди] Население
Во областа Скопска Блатија денес живеат 12332 жители од кои 6768 (54,88%) се Македонци, 3093 (25,08%) се Албанци, 1633 (13,24%) се Бошњаци итн. Во минатото етничкиот состав на областа бил составен исклучиво од Македонци и Турци, кои масовно се отселиле од областа во педесетите и шеесетите години на ХХ век, а на нивно место се доселиле Албанците и Бошњаците.
[уреди] Стопанство
Со векови главна стопанска гранка на областа Скопска Блатија било полјоделството (одгледувањето на пченица) и сточарството (одгледувањето на крави). Со мелиоративните зафати за пресушување на Катлановското Блато во шеесетите години на ХХ век значително се зголемени обработливите површини и тоа со голема плодност на земјата. Денес најмногу се одгледува пченицата, а од полјоделските култури се застапени и раноградинарските производи на во помала мера. Во ридестиот предел во околината на Катланово е застапено и лозарството. На територијата на Скопска Блатија работат повеќе млекарници поради тоа што во овој крај масовно се одгледуваат крави. Скопска Блатија е аткивна и по својот бањски туризам поради Катлановската Бања. Поради својата близина до градот Скопје и со изградбата на автопатот кон Велес и Солун економијата во областа е во значителен подем.
[уреди] Етнологија
Скопска Блатија е етнолошки многу богата област, со големо културно наследство. Денес областа Скопска Блатија најповеќе фигурира во етнологијата. Скопска Блатија е позната по своите народни носии особено по женската носија која се одликува со разнобојна и разиграна орнаментика и на која е застапен срмениот вез (за кои постои книга) и по своите народни ора, игри, песни, приказни, преданија и легенди.