Смилево
Од Википедија, слободна енциклопедија
Смилево е село во Општина Демир Хисар, Македонија. Во него работи осумгодишно училиште, има селска задруга, услужни објекти , споменик на Даме Груев, Спомен куќа-Музеј на Смилевскиот Конгрес како и споменик од НОБ. Над селото постои Смилевскиот манастир, обновен во поново време, а посветен на Св. Петар. Не е познато кога е подигната првата градба.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Смилево |
Општина: | Општина Демир Хисар |
Население: | 384 жители |
Поштенски број: | 047 |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 880 m |
Географска широчина: | 41° 9' 18 N |
Географска должина: | 21° 6' 40 E |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот јужен дел од територијата на Општина Демир Хисар, во подножјето на Плаќенската Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 880 метри. Од патот Демир Хисар – Битола населбата е оддалечена малку повеќе од девет километри. Атарот зафаќа површина од 16,4 км 2. На него шумите заземаат површина од 1 400 ха, на пасиштата отпаѓаат 113 ха, а на обработливото земјиште 104 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Од Смилево се иселил голем дел од населението и селото преминало од голема , во средна населба, населена со македонско население. Во 1961 година селото броело 1 158 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 384 жители.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
- Даме Груев - револуционер
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
http://www.demirhisar.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=129&Itemid=26