Сребрен дрвест папрат
Од Википедија, слободна енциклопедија
Silver Tree Fern Заштитен статус: Безбеден
|
|||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Опачина на сребрен папрат
|
|||||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
Cyathea dealbata (Г. Форстер) Зварц, 1801 |
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
Синоними | |||||||||||||||||
*Polypodium dealbatum Г. Форстер, 1786
|
Сребрен дрвест папрат (Cyathea dealbata) или понга е вид на дрвест папрат со средна големина ендемски на Нов Зеланд. Изразот понга се употребува како генерички израз за трупците од сребрен папрат кои се користат за уредување на земмјиште. На маорски ponga се однесува на дрвестите папрати, особено од родот Кјатеа. На новозеландски англиски понга често се изговара како пунга.
Овој папрат расте до височина од 10 м и повеќе. Крошната му е густа, а листовите долги околу 4 м и имаат сребреникаво-бела боја на опачината. Оваа карактеристична боја се користи за обележување на патеки ноќе. Крлушките му се темнокафени, често извртеии и светкави.
Вирее на главните новозеландски острови источно до Четемските острови, обично во потканапни делови на посуви шуми и во грмушки на отворено. Добро вирее и во добро оцеден хумус, и откога ќе фати корен, трпи и суша. Не сака ветер и мраз. Овој папрат не расте под густите канабиња на стари шуми.