Супституција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во супституциската реакција (или реакција на замена), една функционална група од некое хемиско соединение се заменува со друга група.
Во органската хемија, електрофилната и нуклеофилната супституциска реакција се од првенствена важност. Органските супституциски реакции се класифицирани во неколку главни органски реакции во зависност од тоа дали реагенсот што доведува до ваква реакција се смета за електрофилна или нуклеофилна честичка, потоа дали меѓупродуктот во реакцијата е карбокатјон или карбоанјон или слободен радикал и дали супстратот е алифатичен или ароматичен. Деталното разбирање на една реакција помага да се предвиди продуктот од таа реакција.
Постојат неколку видови на супституции:
[уреди] Нуклеофилна супституција
- Нуклеофилот реагира со алифатичниот супстрат во нуклеофилна алифатичка супституција.
- Кога супстратот е ароматично соединение, реакцијата се нарекува нуклеофилна ароматична супституција.
- Дериватите на карбоксилната киселина реагираат со нуклеофилите во нуклеофилна киселинска супституција.
[уреди] Електрофилна супституција
- Електрофилите најчесто учествуваат во електрофилна ароматична супституција.
- Електрофилните реакции со други незаситени соединенија (освен арените) доведуваат до електрофилна адиција, отколку до супституција.
[уреди] Радикална супституција
Овој тип на супституција вклучува и радикали.