Сушица (Гостиварска)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сушица е село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Сушица |
Општина: | Општина Гостивар |
Население: | 8 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 680 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во Горен Полог од десната страна на реката Вардар во нејзиниот изворишен дел. Сушица е ридско село сместено на надморска височина од 680 метри. Сушица е одалечена околу 6 километри јужно од градот Гостивар. До 2004 година селото беше под општината Долна Бањица.
[уреди] Историja
Селото Сушица постои уште од средновековниот период, а доказ за тоа е средновековната црква Свети Ѓорѓија во Долното Маало. Во периодот на османското ропство во Сушица не е забележано населување на турско, албанско или муслиманско население или пак исламизација. Селото до ден денеска е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед. Во втората половина на XIX век како и повеќето македонски градови и села, не го одминуваат соседните национални пропаганди, па така и ова село се поделува на Горно маало под бугарската егзархија чии жители биле пробугарски настроени и Долно маало со просрпски настроени жители. Ваквата поделеност довела до брзо и силно национално освестување на Македонците од ова село, дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се Македонци. Во текот Илинденското востание и на Втората светска војна селото дало повеќе македонски борци.
[уреди] Економија
Населението во селото, се знаимава главно со земјоделство особено со одгледување на познатиот гостиварски (бањички) црвен (благ) кромид, кој во минатото се извезувал и со вагони низ цела Македонија и пошироко. Застапено е и овоштарството, а во помала мера и сточарството. Поради опкруженоста со густи листопадни шуми, во селото се развиени и шумарството и дрвосечата. Поради непосредната близина со градот Гостивар, селото е економски поврзано со градот.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година селото Сушица, брои 8 жители, сите Македонци од христијанска веросиповед. Селото бележи постојан пад на бројот на своето население (26 жители во 1994 година) и е во фаза на наполно раселување.
[уреди] Општествени институции
Во селото постојат 2 цркви. Свети Никола која е поголема и понова во Горното маало и средновековната црква Свети Ѓорѓија во Долното маало. Во минатото во селото работело и училиште.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
- Љубомир Шаревски Кирјаковски (1923-2007) - македонски патриот партизан во Втората светска војна, учесник во ослобдувањето на Скопје и еден од основачите на Здружението за обнова на црквата „Св.Богородица“ во Скопје во 1991 година.
- Младен Србиновиќ (1923-) - македонски академски сликар кој живее во Белград, член на ДЛУМ имал повеќе ликовни изложби во Македонија, најчести мотиви во своето творештво му е родното село и родниот крај, слики од Македонија, и македонските народни носии и архитектура.