Таупо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Таупо | |
Местоположба | |
---|---|
Земја: | Нов Зеланд |
Остров: | Северен Остров |
г.ш. и г.д.: | |
Распространетост | Од Нукухау до Ваипахихи |
Статистика | |
Население: | 20,310 (попис од 2001) |
Површина: | - |
Администрација | |
Локални власти: | Општински Совет на Таупо |
Градоначалник: | Клејтон Стент |
Регионален Совет: | Ваикато |
Парламентарно изборно тело: | Таупо |
Округ | |
Име: | Таупо |
Население: | 31,521 (попис од 2001) |
Распространетост: | Од Мангакино до планината Нгаурухое; источно до изворот на реката Рангитаики |
Површина: | 6,970 km2 |
Поглавни градови и населби: | Таупо, Туранги, мангакино |
![]() |
Таупо е мало населено место во средишниот дел на Северниот остров на Нов Зеланд. Градот е седиште на истоимениот округ.
[уреди] Таупо
Таупо има население од 20,310 (попис од 2001). Градот се наоѓа на североисточниот агол на езерото Таупо и е туристички центар, особено летно време, бидејќи нуди добра панорама на езерото и планините северно. Како други туристички атракции, Таупо нуди и падобранство, глисирање, надводно параглајдерство и други активности од сличен тип.
Името Таупо доаѓа од маорскиот јазик, полното име му е Таупо-нуи-а-Тиа. Таупо значи наметка, нуи голема, а на и Тиа е името на човекот што го открил езерото: буквално преведено значи „Големата наметка на Тиа“.
Се протега долж State Highway 1, како и на места долж State Highway 5.
Северно од градот се наоѓа геотермичка електрана кај Ваиракеи, како и топли извори за капење на неколку места во близината на градот. Еден од најспектакуларните водопади во Нов Зеланд, Хукскиот водопад исто така се наоѓа во близината на градот, при почетокот на реката Ваикато.
[уреди] Видете исто така
- Таупски аеродром
[уреди] Надворени врски
- Општински веб-сајт (англиски)
- Десинација: езеро Таупо (англиски)
- Веб-сајт за Туранги и езерото Таупо (англиски)
Територијална поделба на Нов Зеланд |
---|
Градови: |
Северен Брег | Ваитакере | Окленд | Манукау | Хамилтон | Тауранга | Напиер | Палмерстон Север | Порируа | Горен Хат | Долен Хат | Велингтон | Нелсон* | Крајстчерч | Данидн | Инверкаргил |
Окрузи: |
Северен Остров: Далек Север | Фангареи | Каипара | Родни | Папакура | Френклин | Темза-Коромандел | Хаураки | Ваикато | Матамата-Пиако | Ваипа | Јужно Ваикато | Оторогханга | Роторуа | Ваимото | Таупо | Залив на of изобилието | Факатане | Каверау| Опотики | Гизборн* | Ваироа | Хестингс | Централен Јастребов залив | Нов Плимут | Стратфорд | Јужен Таранаки | Руапеху | Фангануи | Рангитикеи | Манавату | Тараруа | Хорофенуа | Капитско крајбрежје | Мастертон | Картертон | Јужна Ваирарапа |
Јужен Остров: Тасман* | Марлборо* | Булер | Греј | Вестленд | Каикоура | Хурунуи | Ваимакарири | Селвин | Ешбуртон | Тимару | Мекензи | Ваимате | Ваитаки | Квинстаунски езера | Централно Отаго | Клута | Гор | Саутленд |
Територија: Четемски острови |
*унитарни адмнинистративни единици |