Техно
Од Википедија, слободна енциклопедија
Техно музиката е еден вид на електронска музика покрај транс, хаус, есид и други.
[уреди] Историја на техно музиката
Почетоците на техно музиката можат да се лоцираат во Детроит, во средината на 80тите. Во тоа време техното било стриктно електронска музика, додека хаус музиката сеуште имала силна врска со диско музиката од 70тите. Кевин Саундерсон, Хуан Еткинс и Дерик Меј се пионерите на овој музички правец. Тие ги потенцирале електронски синтетизираните битови на електро-фанк претставниците како Afrika Bambataa и Kraftwerk. Во САД техното на почетокот се етаблирало како андерграунд музика, но во Велика Британија станало меинстрим при крајот на 80тите. Во раните 90ти техно музиката се поделила на повеќе стилови, како хардкор, амбиент, џангл, а оттогаш се појавиле и голем број варијации (пр. Детроит техно).
- Хардкор техно се одликува со огромна брзина (BPM - beats per minute), која била зголемувана до нивоа на границата на човечката издржливост.
- Амбиент техно се развивало во спротивна насока, со успорување на битовите. Била користена како чил-аут музика, кога на рејверите и клаберите им требал одмор од есид хаус и хардкор техно.
- Џанглот се одржал долго време. Овој стил ги комбинирал класичната техно музика со брејкбитови и реге. Имала и големо влијание врз д'н'б.
- Есид техно настанало во почетокот на 90тите под влијание на есид хаусот. Многу музичари кои почнале да прават музика во 90тите ги спојувале нивната музика со звуците од техно музиката, наместо со класичен Чикаго хаус. Претставници на овој правец се Пластикмен и Дејв Кларк.
- Прогресив техно е малку поразлично од есид техно. Мелодијата се развива постепено со додавање на нови инструменти, па оттаму доаѓа и името. Многу често е мешањето на овие два стилови, што создава подолго и поинтензивно искуство.
[уреди] Најпознати претставници
- Карл Кокс
- Дерик Меј
- Кевин Саундерсон
- Хуан Аткинс
- Џеф Милс
- Пластикмен
- Марко Бејли
- Свен Ват
- Умек
- Дејв Кларк