Kraftwerk
Од Википедија, слободна енциклопедија
Kraftwerk е германска авандгардна музичка група која има дадено огромен придонес во развојот на електронската музика. Групата е формирана од Флоријан Шнајдер и Ралф Хутер во 1970 кога и го основаат нивното студио Kling Klang во Дизелдорф. Во првите неколку години од постоењето (1970-1974), во групата се менуваат повеќе членови, но истата станува светски позната кога на двајцата основачи им се придружуваат Волфганг Флур и Карл Бартос. Kraftwerk е една од првите групи која почнала да создава музика користејќи чисто електронски (или електронски обработени) инструменти и звуци. Техниките кои ги воведеле, заедно со опремата која сами ја развиле, извршиле големо влијание врз популарната музика во втората половина на 20 век.[се бара извор] Нивното творештво пред сè го третира урбаното живеење и технологијата во современиот свет. Во многу нивни песни се истакнува парадоксалноста на модерното урбано живеење, при што покрај славењето на придобивките, се предупредува и на опасностите што ги носи модерната технологија.
[уреди] Издадени албуми и DVD
- (1971) Kraftwerk
- (1972) Kraftwerk 2
- (1973) Ralf und Florian
- (1974) Autobahn
- (1975) Radio-Activity
- (1977) Trans-Europe Express
- (1978) The Man Machine
- (1981) Computer World
- (1986) Electric Cafe
- (1991) The Mix - (нови обработки на постари песни)
- (2000) Expo 2000
- (2003) Tour de France
- (2005) Minimum-Maximum (албум во живо)
- (2005) Minimum-Maximum DVD (Концерт на ДВД)