Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Филм од 1911 година, во времетрање од 16 минути.
Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм.
Вториот дел од документарниот филмски запис за посетата на претпоследниот турски султан Мехмед V Решад, браќата Манаки го реализирале при неговата посета во Битола. Филмот започнува со секвенцата на пристигнувањето на султанот на железничката станица во Битола и неговото заминување кон зградата на општината каде престојувал за време на неговата посета на Битола.
Следува најимпресивниот дел од оваа сторија, извонредно долга секвенца од парадата која се одвивала пред султанот, пред зградата на општината, во која учествувале припадници на сите народи и верски заедници во Отоманската Империја, потем претставници на сите општествено-политички, воени и верски структури. Биле застапени сите возрасти, деца од најмлада возраст до постари мажи и жени.
Освен оваа парада пред султанот, во филмот се забележани неколку негови парадни прошетки низ улиците на Битола, како и патот и престојот на излетничкото место крај Битола, Тумбе Кафе. Филмот завршува со заминување на султанот од железничката станица во Битола.
Сниматели и режија: Јанаки и Милтон Манаки.