Физиологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Физиологијата (од грчки:fizis-природа) е биолошка наука која ги изучува животните манифестации на материјата.Таа ги изучува физичките и хемиските фактори кои се вклучени и се одговорни за потеклото,развојот и одржувањето на животот.За да се проучат одредени физиолошки процеси во организмот,треба добро да се познаваат и некои други биолошки науки (цитологија,хистологија,биохемија),како и други природни науки (физика,хемија,физичка хемија).Физиологијата е експериментална наука,бидејќи само на тој начин можат да се изучуваат животните процеси.
[уреди] Поделба на физиологијата
Физиологијата се дели според различни критериуми:
- Физиологија на растенијата
- Физиологија на животните
- Физиологија на човекот
- Физиологија на бактериите
- Физиологија на вирусите
- Физиологија на трудот
- Еколошка физиологија итн.